Нова програма за Денот на посебен состанок
1 Зошто треба да ја објавуваме добрата вест без попуштање? Кои се условите за некој да стане проповедник на добрата вест? Како можат дури и срамежливите, односно плашливите да преземат иницијатива да ја поделат со другите добрата вест? Овие и некои други прашања кои наведуваат на размислување, ќе бидат одговорени во програмата за денот на посебен состанок, која ќе почне да се изнесува во септември, а има тема „Оспособени за слуги на добрата вест“. (Спореди 2. Коринтјаните 3:5.)
2 Ние како Јеховин народ мораме да бидеме претпазливи во поглед на своето однесување. Ќе бидат изнесени охрабрувачки искуства од страна на млади луѓе кои ќе раскажат како му одолеале на притисокот од врсниците. На родителите ќе им биде дадено љубезно охрабрување во врска со потребата да ги поучуваат своите деца за слуги на Бог. На сите нам ќе ни биде помогнато да ја сфатиме неопходноста од проповедањето и благословите што ќе произлезат од тоа како за нас така и за оние кои нѐ слушаат (1. Тим. 4:16).
3 Крштевањето, сигурно, ќе биде врвна точка на денот. Пред овој настан, еден библиски говор ќе биде изнесен посебно за новопредадените лица. Се разбира, сите присутни ќе сакаат да обрнат посебно внимание додека се разгледува темата за крштевање и додека нејзиното значење станува појасно. Секој кој сака да биде крстен на денот на посебен состанок, треба однапред да му го каже тоа на претседавачкиот надгледник за тој да има доволно време да договори со старешините да ги разгледаат предвидените прашања со кандидатите за крштевање.
4 Друга врвна точка ќе биде главното предавање што ќе го одржи гостувачкиот говорник. Тоа носи наслов „Оспособени и опремени за Божји слуги“. Ќе бидат разгледани четири главни работи кои нѐ опремуваат за слуги, а воедно говорот ќе содржи и искуства кои ја градат верата.
5 Уште сега планирај да присуствуваш на целата програма. Не заборави да ги поканиш интересентите и библиските ученици за да можат и тие да извлечат корист од овој ден на теократско образование. На овој начин ќе се погрижиме да бидеме „соодветно оспособени“ (НС) за слуги на добрата вест.