Извлечи ја сета корист од Теократската школа на проповедање
1 Теократската школа на проповедање служи како средство за наше вежбање во ‚уметноста на поучување‘ за да можеме да им ги пренесуваме библиските вистини на другите на делотворен начин (2. Тим. 4:2, НС). Секоја седмица примаме драгоцен увид во различни библиски теми. Како да се осигураме дека ја извлекуваме сета корист од важните подуки што ни ги дава оваа школа?
2 Обрни сконцентрирано внимание на уводните коментари на надгледникот на школата додека истакнува некои од интересните мисли што ќе можеме да ги научиме во текот на состанокот. Размисли за секое прашање што може да го постави и за тоа како можеш да ги примениш одговорите во својата служба.
3 Поучниот говор не е само повторување на отпечатениот материјал. Тој се сосредоточува на практичната вредност на информациите и на тоа како тие може да ти користат тебе лично. Претходната подготовка ќе ти помогне подобро да се сконцентрираш на главните мисли и да учествуваш во усното повторување кое следи.
4 Држењето чекор со седмичното читање на Библијата може да го продлабочи твоето ценење за Божјата Реч. Додатното истражување може да ти открие редица нови и интересни детали кои ќе го зголемат твоето разбирање на вистината. Изнесувањето на врвните точки од Библијата не е само повторување на библискиот извештај. После краток целосен преглед, говорникот ќе нагласи истакнати точки во определениот дел и ќе покаже како тие се поврзани со нашиот живот и обожавање. Внимавај за да можеш да научиш како подобро да ги примениш библиските подуки (Пс. 118:105).
5 Ако ти е доделен ученички говор, обрни внимание на точката за советување на која моментално работиш. Прочитај ги предлозите што се дадени во Водич, а се бават со таа говорна особина, и обиди се да ги примениш. Кога го бираш материјалот за својот говор, обиди се да ги нагласиш мислите што ќе бидат практични на подрачјето (sg, стр. 92-95).
6 Ако си сестра на која ѝ е доделен Говор бр. 3 или Говор бр. 4, обиди се да го изнесеш материјалот во реалистични рамки. Станарот може и не мора да се согласи со сѐ што ќе кажеш; настојувај да покажеш како ќе му помогнеш на поединецот да размислува за основните библиски начела (sg стр. 150-154). Ова им помага на присутните да видат како да се справат со слични приговори на кои наидуваат во службата на подрачјето. Подготви се доволно однапред и погрижи се што порано да извежбате со твојот станар. Не смее да биде потребно да се вежба откако ќе почне состанокот.
7 Учениците кои држат говори се подбудени да седнат во првите редови. Тоа заштедува време и му овозможува на надгледникот на школата да ги изнесе своите коментари обраќајќи им се повеќе ним лично. Сите можат да извлечат корист од доброљубивите, специфични предлози што ги дава тој на темел на Водичот. Тој не мора да ги следи говорните ознаки по редот што е даден на ливчето Совет за говори; ќе одбере точка за советување на темел на моменталната потреба за да се постигне најдобриот напредок.
8 Ги имаме сите добри причини секоја седмица да се подготвуваме и да присуствуваме на Теократската школа на проповедање. Подуките што ги добиваме можат да ни помогнат да бидеме мудри и вешти во нашата служба (Изр. 1:5).