Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 1995 — „Радосни фалители“
Некои од долунаведените информации можеби во овој момент воопшто не се однесуваат на вашата земја. Меѓутоа, упатствата и начелата што се дадени се важни и сите треба да ги разгледаат и да ги применат. Додатни локални информации ќе ви бидат доставувани како што се приближува конгресот.
1 Колку беше радосно да се биде минатото лето меѓу 999-те присутни на Обласниот конгрес „Божествен страв“ на подрачјето на Македонија! Вкупно 47 лица покажаа исправен божествен страв со тоа што се крстија. Колкаво само охрабрување ќе биде да се собереме ова лето на тридневните Обласни конгреси за 1995 — „Радосни фалители“! Оваа интересна тема треба навистина да нѐ мотивира да ги вложиме сите напори за да присуствуваме заедно со нашите библиски ученици. Програмата ќе се покаже како вистински извор на духовно закрепнување за сите нас додека продолжуваме верно да му служиме на Јехова во ова време на крајот.
2 Погрижи се своите подготовки за конгресот да ги направиш доволно рано за да можеш сите три дена да бидеш таму и да уживаш во извонредната духовна програма, од песната на отворањето до завршната молитва. Со љубов вклучи ги во своите планови оние на кои можеби им треба помош, особено новозаинтересираните, за да можат и тие да присуствуваат на секоја програмска точка. Ќе биде мошне корисно да се разгледаат информациите од овој додаток со секој библиски ученик кој можеби планира да присуствува (Гал. 6:6, 10). Програмата започнува со музика во петок во 9.40 часот, а завршува околу 16.30 часот. Во сабота, програмата започнува во 9.30, а завршува со песна и молитва околу 16.40 часот. Претпладневната програма во недела започнува во 9.30, а тој ден завршува околу 15.50 часот. Следниве информации ќе ви помогнат при почетните подготовки.
Упатства за добивање на соби
3 После Состанокот за служба за седмицата од 2 јануари, собранијата треба да ја закачат на огласната табла Листата со препорачани ноќевалишта за обласниот конгрес на кој собранието е доделено. На оваа листа се наоѓаат сите хотели што во моментот соработуваат со Заедницата во врска со подготовките за сместување. Вашата соработка во врска со овие подготовки ќе ѝ помогне на конгресната организација во нејзините напори за секого да обезбеди ноќевалиште по разумна цена.
4 Што би требало да сториш: Откако на собранието ќе му се испрати Листа со препорачани ноќевалишта на која стојат адреси, телефонски броеви и договорени цени за хотелите, а НЕ пред тоа, можеш да телефонираш во хотелот што си го избрал од списокот и да резервираш соба. Ако се претставиш како Јеховин сведок или како делегат кој ќе присуствува на конгресот на Стражарска кула, ќе можеш да ги користиш наведените цени кои во повеќето случаи се многу намалени.
5 За да се задржи соба, СЕ БАРА ДЕПОЗИТ за една ноќ. Вашиот депозит треба да го испратите во хотелот ВЕДНАШ штом ќе направите резервации. Ако хотелот не го добил вашиот депозит, резервациите можат да бидат поништени во секое време. ХОТЕЛИТЕ НЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА ВИ ЧУВААТ СОБИ БЕЗ ДЕПОЗИТ. Ако морате да ја откажете вашата резервација, треба веднаш да го известите хотелот за да може собата да им биде ставена на располагање на другите делегати.
6 Ако е пополнет хотелот во кој прво сте се јавиле, телефонирајте во следниот хотел што сте го избрале од листата, итн. Честопати сите се јавуваат во хотелите кои се најблиску до конгресниот објект што се користи; затоа, можеби ќе сметате дека е корисно да се обидете со некои пооддалечени хотели. Тие исто така имаат квалитетни соби по пониски цени. Конгресниот Оддел за сместување и понатаму ќе ги обезбедува собранијата со ревидирани листи, бришејќи ги хотелите што се пополнети и додавајќи додатни хотели, сѐ додека сите не добијат соби. Така, ако сите хотели на листата се пополнети, ве молиме, чекајте ја трпеливо следната листа, па ќе можете и вие да добиете соба.
7 Заеднички спални: На некои конгреси, покрај хотелите, се користат и училишни заеднички спални за да се сместат сите. Обично, собранијата добиваат информации за нив отприлика по еден месец откако ќе ја добијат првата листа на хотели. Оние на кои им треба такво сместување, треба да ги следат упатствата од листата што им е испратена на собранијата.
Посебни потреби
8 Оваа подготовка е само за примерни објавители, вклучувајќи ги и нивните воспитани деца, кои добиле одобрение од Службениот одбор на собранието. Подготовките за згрижување на лица со посебни потреби треба да ги направи собранието на кое му припаѓаат, а не таа обврска да се префрли на конгресната организација. Старешините и другите кои ги познаваат околностите на некои поединци, можат со љубов да дадат помош. Ова често бара од објавителите да ги земат во обѕир потребите на оние кои се во полновремена служба, на постарите, немоќните и можеби на некои други. Објавителите можат да помогнат со тоа што ќе ги земат таквите со себе или ќе се погрижат за нивните потреби на друг начин (Јак. 2:15-17; 1. Јов. 3:17, 18).
9 Се разбира, Одделот за сместување ќе настојува да обезбеди прикладно сместување за објавителите со посебни потреби ако останатите од собранието не можат да им помогнат. Овие објавители можат да разговараат за својата ситуација со собранискиот секретар. Секретарот треба да се консултира со Службениот одбор на собранието за да види дали е можно собранието да им помогне на тие поединци да се погрижат за нивното сместување. Ако собранието не може да ја даде потребната помош, секретарот може на таквите лица да им даде формулар Барање за посебно сместување. Овој формулар треба да го пополнат само оние со посебни потреби. Формуларот да му се врати на секретарот, кој ќе провери дали е потполн, точен и дали се потврдени околностите што го квалификуваат лицето за приватно сместување. На празниот простор од формуларот, секретарот треба ВО ПОЕДИНОСТИ ДА ГИ ОБЈАСНИ околностите. Сето тоа треба да се направи доволно рано пред конгресот. Тогаш секретарот ќе го испрати формуларот до Одделот за сместување. Лицето кое ја поднесува молбата директно ќе биде известено за сместувањето.
10 Оние кои имаат посебни потреби НЕ треба да бараат соба дури кога ќе пристигнат на конгресот, затоа што Одделот за сместување мора да ја има потврдата од Службениот одбор на собранието.
11 Приватното сместување е резервирано само за оние кои би доживеале големи потешкотии кога таквото сместување не би стоело на располагање. Тоа не е наменето за оние кои можат да си дозволат хотелски соби, но сакаат бесплатни или евтини соби само за да заштедат пари. Не е исправно оние кои бараат такво сместување да сметаат на гостопримството на нашите браќа и да очекуваат да бидат сместени повеќе денови пред и после конгресот. Тие соби се обезбедени САМО за време на конгресот. Оние кои добиваат такво сместување треба да се погрижат тие и нивните деца да се однесуваат со почит спрема домот на нивниот домаќин и да не пребаруваат низ работите на домаќинот или да ги оштетуваат ниту да влегуваат во приватните простории на домот. Ако домаќинот доживее проблеми во врска со тоа, треба веднаш да го извести конгресниот надгледник за сместување, а тој радо ќе помогне.
Делегати кои присуствуваат надвор од доделеното подрачје
12 Скоро секогаш, местото на кое си доделен е најблизу до твоето собрание. Подготовките за доволно седишта, литература, храна, сместување итн., се направени врз основа на претпоставката дека повеќето објавители ќе присуствуваат на конгресот на кој нивното собрание е доделено. Меѓутоа, ако од оправдани причини би присуствувал на друг конгрес каде што не си доделен, и ти треба сместување, тогаш можеш писмено да побараш примерок од листата на хотели за таа локација и да испратиш плик со своја адреса и марка. Откако ќе ја добиеш оваа листа, треба да ја употребиш за да си резервираш соба.
Потребна е твоја соработка
13 Успехот на оваа подготовка за сместување зависи од соработката на сите кои се вклучени (Евр. 13:17). Затоа, ги молиме сите во потполност да соработуваат со Заедницата во врска со подготовките за сместување и ДА ГИ КОРИСТАТ САМО ХОТЕЛИТЕ КОИ СЕ НА ЛИСТАТА СО ПРЕПОРАЧАНИ НОЌЕВАЛИШТА ЗА ОВАА ГОДИНА за да бидат спречени поголемите потешкотии кои сѐ уште ги доживуваме во преговорите со хотелите. Имаме склучено договори со хотелите од листата, тврдејќи дека нашите луѓе ќе ги користат. Тоа е гаранција дека тие ќе остварат приход ако дадат посебен попуст за нас. Повеќето објавители ги имаат земено при срце јасните упатства што беа дадени во претходните конгресни додатоци и многумина имаа многу добри искуства. Меѓутоа, сѐ уште е неопходно да им се обратиме на сите: МОЛИМЕ, ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ КОН НАЧИНИТЕ НА КОИ МОЖЕТЕ ДА СОРАБОТУВАТЕ, како што се наведени во рамката на страница 6.
14 Од друга страна, АКО ДОЖИВЕЕТЕ ПРОБЛЕМ СО НЕКОЈ ХОТЕЛ, ве молиме не колебајте се да му го предочите истиот на надгледникот на Одделот за сместување на конгресот за да може тој да ви помогне веднаш да ја решите таа работа.
15 Конгресната организација работи напорно за да им ги намали трошоците на браќата што е можно повеќе и затоа е во најдобар интерес на сите во потполност да соработуваат со Заедницата во врска со подготовката за сместување за да може оваа подготовка и понатаму да постои. Листите пружаат избор на сместувања од добар квалитет во хотели кои соработуваат. Со оваа подготовка имаме за цел да им помогнеме на делегатите да се сместат колку што е можно поудобно и поекономично.
Напомена до старешинството: Ве молиме, прочитајте го писмото од Заедницата од 15 декември 1994 за доделба на конгрес на Состанокот за служба за седмицата од 2 јануари. После тој состанок, закачете го писмото на огласната табла. Колку што е можно, собранискиот секретар на следните Состаноци за служба треба да изнесува Известувања и материјал поврзан со конгресот, освен ако е наведено поинаку или не е во можност да го стори тоа.
[Рамка на страница 3]
Како да добиеш соба
◼ Телефонирај во хотелот што си го избрал откако била закачена Листата со препорачани ноќевалишта.
◼ Претстави се како Јеховин сведок или како делегат што ќе присуствува на конгресот на Стражарска кула.
◼ Биди спремен, веднаш откако ќе ја направиш резервацијата, да испратиш депозит за една ноќ.
◼ Ако се пополнети сите хотели или заедничките спални, молиме чекај трпеливо на следната листа.
[Рамка на страница 6]
Начини на кои можеш да соработуваш
◼ Не телефонирајте во хотели што се во конгресниот град за да прашате дали се на актуелната листа или дали имаат посебни цени за конгресот на Watchtower. Исто така, ве молиме да не ги користите истите хотели од година в година без прво да проверите и да видите дали воопшто се на актуелната листа.
◼ Не прифаќајте за хотелска соба цена повисока од онаа што е наведена на актуелната листа.
◼ Молиме, не резервирајте соба во хотел во кој немате намера да се сместите, или во повеќе од еден хотел со намера да ги проверите, да го изберете најдобриот, па да ги откажете другите (Мат. 5:37). Ова не е фер, бидејќи ги спречувате хотелите да го заработат она што можат, а објавителите ги лишувате од можноста да ги користат тие соби, кои често им се неопходно потребни.
◼ Не резервирајте соби за себе или за други без да оставите име и без веднаш да испратите депозит за секоја соба.
◼ Не сместувајте во собата повеќе луѓе отколку што дозволуваат законот и управата, што обично значи не повеќе од четири или пет лица, вклучувајќи ги и децата. Запомнете, вие ја плаќате собата според бројот на лицата за кои сте се СОГЛАСИЛЕ дека ќе бидат во неа.