Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 2004 „Одете со Бог“
1 Зошто нашите годишни обласни конгреси се посебни за тебе? Поради охрабрувачките говори и драмата што „верниот и разборит роб“ ги подготвил за нас? (Мат. 24:45—47). Поради новите публикации што содржат навремена духовна храна? Поради браќата и сестрите што ги изнесуваат своите искуства за тоа како Библијата им го променила животот на подобро? Поради извештаите за тоа како делото на проповедање за Царството напредува во другите земји? Поради дружењето со соверниците од сите возрасти? Да, од овие и од многу други причини со душа ги чекаме нашите конгреси!
2 Присуствувај сите три дена: Преку Мојсеј, Јехова заповедал: „Собери го народот . . . за да чујат и да се научат“ (Втор. 31:12, NW). Преку класата на верниот и разборит роб, Јехова подготвил посебна поучна програма за нас секој ден од конгресот. Бидејќи тој нѐ поучува ‚за наше добро‘, сакаме да бидеме присутни за сите тие поуки (Иса. 48:17). Ако треба да побараш отсуство од твојот работодавач, моли му се на Јехова и побарај остуство следејќи го смелиот пример на Неемија (Неем. 1:11; 2:4). Исто така, би било обѕирно од твоја страна да ги известиш членовите од твоето семејство што не се верници околу со твоите планови во врска со конгресот што е можно поскоро.
3 Сместување во приватни домови: Како што беше случај и претходните години, Заедницата ќе сака да знае колку браќа во конгресниот град ќе можат да ги понудат своите домови за гостувачките делегати. Навистина го цениме самопожртвуваниот дух што се покажува во тој поглед. Извесен број наши браќа и сестри ќе сметаат на гостољубивоста на браќата во конгресниот град за да не го пропуштат конгресот. Изминативе години е забележано дека понекогаш е тешко нашите браќа да ги понудат своите домови или станови за гостувачките делегати. Иако ова може да ја наруши нашата вообичаена рутина, тоа е само за трите дена на конгресот и дава убава прилика за дружење и размена на охрабрување. Затоа, ги поттикнуваме сите оние што се во состојба да го сторат тоа, во молитва да го разгледаат ова барање.
4 Подоцна, на секое собрание во конгресниот град Заедницата ќе му испрати формулари кои ќе можат да ги пополнат оние што сакаат да имаат гостувачки делегати во своите домови. Доколку веќе имате направено приватни договори некој да престојува кај вас, НЕ пополнувајте го формуларот. Исто така, доколку имате пополнето формулар, немојте да правите приватни договори, бидејќи Заедницата ќе смета на вас при правењето подготовки за оние што се запишани и молат за тоа.
5 Доколку имате потреба од вакво приватно сместување, ќе бидат обезбедени и формулари што ќе треба да ги пополните. Тие се само за објавителите што се на добар глас, вклучувајќи ги и оние што имаат деца познати по добро однесување, на кои им е одобрено од Службениот одбор на собранието. Сите се поттикнати, како оние што нудат така и оние на кои им е потребно сместување, да мислат на тоа доволно однапред и навреме да ги пополнат формуларите за да нема непотребни одложувања. Овие барања треба да бидат испратени до Одделот за сместување колку што е можно поскоро. Ве молиме, употребете ја адресата што ќе ви биде доставена подоцна.
6 Се разбира, треба да се однесуваме примерно и пристојно кога имаме приватно сместување. Како што беше спомнато во претходниот пасус, нашите деца треба добро да се однесуваат во домовите на нашите браќа. Она што можеби го дозволуваш во својот дом не значи дека може да биде прифатливо и во домовите на другите. Родителите треба секогаш да имаат контрола над своите деца за тие да не оштетат нешто или да не си земат преголема слобода, што воопшто не е на место. Децата треба да бидат примерни во нивниот говор и однесување. Исто така, не се очекува домаќинот да ги обезбеди сите оброци за оние што се сместени во неговиот дом. Се разбира, дали ќе биде понудено, тоа е лична работа за која треба да одлучи домаќинот. Но, делегатите што се сместени во приватни домови не треба да претпоставуваат дека ќе добијат храна за време на конгресот. Не би било љубезно на тој начин да се искористува гостољубивоста на нашиот брат. Оттука, тоа треба да се земе предвид и да се одвојат настрана средства пред да се замине од дома. Исто така, не би било израз на љубов некој да си го продолжи престојот по конгресот со цел да има одмор во конгресниот град или да си врши лични работи. Освен ако домаќинот не го даде тоа до знаење, се планира приватното сместување да биде само во текот на конгресот, обично три ноќи, а ако по завршувањето на конгресот некој сака да престојува подолго во конгресниот град, нека си направи други подготовки.
7 „Одете со Бог“: На еден собир на Јеховиниот народ што се одржал пред речиси 2.500 години, Езра и другите Левити читале од Божјата реч и му ја објаснувале на собраниот народ. Каков бил резултатот? Неемија 8:12 ни кажува дека ‚сиот народ отишол . . . да слави голема прослава: зашто ги сфатиле зборовите, кои им биле објавени‘. Зарем не сме благодарни што класата на помазаниот роб, како Езра и Левитите, ја користат Божјата реч, ја објаснуваат и ни покажуваат како да ја примениме во нашиот живот? На тој начин, овој роб ги одразува искрената љубов и грижа на Јехова за сиот Негов народ. Донеси одлука да не пропуштиш ниту еден ден од Обласниот конгрес „Одете со Бог“.
[Рамка на страница 3]
Програмски термини
петок и сабота
9.30 — околу 17.10
недела
9.30 — околу 16.05