Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 2005 „Послушност кон Бог“
1 Како наш голем Учител, Јехова Бог прави подготовки да се собираме за да бидеме поучени за неговите патишта (Иса. 30:20, 21; 54:13). Тоа го прави преку класата на верниот и разборит роб, која прави подготовки за такви состанувања како што се нашите годишни обласни конгреси (Мат. 24:45—47). Ние се чувствуваме исто како псалмистот Давид, кој испеал: „Во насобраните мноштва ќе го благословувам Јехова“ (Пс. 26:12, NW). Давид убаво разбрал колку е значајно да се биде поучен од Јехова и бил решен да биде меѓу Јеховиниот народ секогаш кога тие се собирале заедно.
2 Дали ти ќе бидеш меѓу насобраните мноштва кои ќе присуствуваат на Обласниот конгрес „Послушност кон Бог“ догодина? Ако да, тогаш следниве информации ќе ти бидат од корист кога ќе се подготвуваш да присуствуваш.
3 Планирај уште сега да бидеш присутен секој ден: „Плановите на трудољубивиот сигурно донесуваат корист“ (Посл. 21:5, NW). Зарем овие зборови не нагласуваат колку вреди плановите за присуствување на конгресот да се прават без одолжување? За да бидеш сигурен дека нема да пропуштиш ништо од духовно освежувачката програма, би било мудро да почнеш уште сега да ги правиш неопходните подготовки за да бидеш присутен на сите три дена. Ако треба да го прашаш твојот работодавач за слободни денови, стори го тоа веднаш. Ако треба да дискутираш за твоите планови со сопружникот кој не ти е соверник, не оставај го тоа за последниот момент. Сеедно со кои предизвици се соочуваш, моли му се на Јехова за нив, имајќи доверба дека со негова помош „твоите планови ќе успеат“ (Посл. 16:3, NW). Освен тоа, би било добро на оние со коишто ја проучуваш Библијата да им помогнеш околу нивните подготовки да присуствуваат на секоја програмска сесија.
4 Сместување во приватни домови: Како што беше случај и во претходните години, Заедницата ќе сака да знае колку браќа во конгресниот град ќе можат да ги понудат своите домови за гостувачките делегати. Навистина го цениме самопожртвуваниот дух што се покажува во тој поглед. Извесен број наши браќа и сестри ќе сметаат на гостољубивоста на браќата во конгресниот град за да не го пропуштат конгресот. Изминативе години е забележано дека понекогаш е тешко нашите браќа да ги понудат своите домови или станови за гостувачките делегати. Иако ова може да ја наруши нашата вообичаена рутина, тоа е само за трите дена од конгресот и дава убава можност за дружење и размена на охрабрување. Затоа, ги поттикнуваме сите оние што се во состојба да го сторат тоа, сериозно да го разгледаат ова барање, често молејќи се притоа.
5 Подоцна, на секое собрание во конгресниот град Заедницата ќе му испрати формулари кои ќе можат да ги пополнат оние што сакаат да примат гостувачки делегати во своите домови. Доколку веќе имате направено приватни договори некој да престојува кај вас, НЕ пополнувајте го формуларот. Исто така, ако сте пополниле формулар, немојте да правите приватни договори, бидејќи Заедницата ќе смета на вас при правењето подготовки за сместување на оние што се запишани и молат за тоа.
6 Доколку имате потреба од вакво приватно сместување, ќе бидат обезбедени и формулари што ќе треба да ги пополните. Тие се само за објавителите што се на добар глас, вклучувајќи ги и оние што имаат деца познати по добро однесување, на кои им е одобрено од Службениот одбор на собранието. Сите се поттикнати, како оние што нудат така и оние на кои им е потребно сместување, да мислат на тоа доволно однапред и навреме да ги пополнат формуларите за да нема непотребни одолжувања. Овие барања треба да бидат испратени до Одделот за сместување колку што е можно поскоро. Ве молиме, испратете ги на адресата што ќе ви биде доставена подоцна.
7 Се разбира, треба примерно и пристојно да се однесуваме кога сме сместени во приватен дом. Како што беше спомнато во претходниот пасус, нашите деца треба добро да се однесуваат во домовите на нашите браќа. Она што можеби го дозволуваш во својот дом не значи дека може да биде прифатливо и во домовите на другите. Родителите треба секогаш да имаат контрола над своите деца за да не направат некаква штета или да не си земаат преголема слобода, што воопшто не е на место. Децата треба да бидат примерни во својот говор и однесување. Исто така, не се очекува од домаќинот да ги обезбеди сите оброци за оние што се сместени во неговиот дом. Се разбира, ако домаќинот сака да понуди храна, тоа е лична работа за која треба да одлучи самиот тој. Но, делегатите што се сместени во приватни домови не треба да претпоставуваат дека ќе добиваат храна за време на конгресот. Не би било обѕирно на тој начин да се искористува гостољубивоста на нашите браќа. Ова значи дека треба да се земе предвид тоа и да се одвојат настрана средства пред да се замине од дома. Исто така, не би покажал обѕирност кон домаќините оној што сака да остане во конгресниот град заради одмор или за да си брка лични работи. Ако домаќинот не рече поинаку, се планира приватното сместување да биде само во текот на конгресот, обично три ноќи, а ако некој сака да престојува подолго во конгресниот град по завршувањето на конгресот, нека си направи други подготовки.
8 Потребни се доброволци: Исус дал совршен пример со тоа што на понизен начин обрнувал внимание на потребите на другите (Лука 9:12—17; Јован 13:5, 14—16). Оние што работат како доброволци на конгресите, одразуваат сличен дух. За да се задоволат потребите на конгресните одделенија, локалниот Конгресен одбор наскоро ќе повикува и други да работат со нив. Постои потреба особено старешините да служат како доброволци и да прифаќаат задачи. Нивниот спремен дух им дава убав пример на сите во собранието (1. Петр. 5:2, 3).
9 Што виделе другите: Некоја управничка на хотел рекла: „Вие сте нашата најомилена група. Толку добро се однесувате во споредба со која и да било друга група. Сите собарки коментираат за тоа колку љубезно сте се однесувале кон нив и дека добивале бакшиш. Всушност, сите сакаат да работат тој викенд кога вие сте тука!“ Друг претставник на хотел коментирал: „Со Јеховините сведоци најлесно се соработува“. Можеби твоето примерно однесување придонело за слични изјави. Замисли си колку само е среќен Јехова кога нѐ гледа дека постапуваме на начин кој донесува таква фалба! (1. Петр. 2:12).
10 Преку ‚верниот и разборит настојник‘, Јехова Бог направил подготовка неговиот народ на лето да се собере за духовна поука (Лука 12:42). За да се прават подготовки за присуствување сите три дена ќе биде потребен напор, но ќе се исплати. Обласниот конгрес „Послушност кон Бог“ за следната година несомнено ќе ја зајакне нашата решеност да му служиме на Јехова сега и во сета вечност. Да бидеме одлучни да го следиме советот од псалмистот: „Во насобраните мноштва благословувајте го Бог“ (Пс. 68:26, NW).
[Рамка на страница 3]
Програмски термини
Петок и сабота
9.30 — 17.05
Недела
9.30 — 16.10