Зошто да се бележи кога некој не е дома?
1 Една брачна двојка Сведоци биле во служба на подрачјето претпладне. Подоцна истиот ден, повторно дошле на тоа подрачје за да ги посетат оние места каде што немало никого дома. Некој човек ги поканил внатре и внимателно ги слушал. Ја зел книгата Живеј засекогаш и ги замолил Сведоците да дојдат повторно. Никогаш порано немал разговарано со Јеховините сведоци и имал многу прашања на кои сакал одговор; била започната библиска студија. Оваа брачна двојка била пресреќна што нашла таков човек сличен на овца. Би сакал ли да имаш слично искуство? Добрите белешки за местата каде што немало никого дома и навременото навраќање можат да ти го овозможат тоа.
2 Многу често сме подбудени да водиме точни белешки за местата каде што немало никого дома и да навратиме таму што поскоро. Како што покажува горното искуство, уште една посета истиот ден може да даде извонредни резултати. Иако можеби имаме намера да го обработиме доделеното подрачје, можеби не сме марливи во бележењето на местата каде што немало никого дома. Некои велат: ‚Ние го обработуваме своето подрачје секои две до три недели; не треба да се прават такви белешки оти и онака ќе дојдеме повторно многу брзо‘. Но тоа ни дава уште повеќе причини да водиме белешки. Таму каде што обработувањето на подрачјето е често, навраќањето на местата каде што немало никого дома ни овозможува потемелно да ги бараме достојните. Како?
3 Во многу места, 50, па и повеќе отсто од жителите не се дома во текот на денот. Затоа, всушност, ќе си направиме поголемо подрачје ако се концентрираме на местата каде што немало никого дома. Дури и ако подрачјето е ретко обработувано, можеме да ги подобриме резултатите ако вложиме напори да дојдеме до сите пред да го означиме подрачјето како обработено.
4 Посетувањето на местата каде што немало никого дома обично ќе биде испланирано за друг ден, по можност истата седмица. Многумина увидуваат дека е подобро да навратат во друг ден и во време што се разликува од првата посета. Можеби си избрал да искористиш малку време во сабота или во недела за да дојдеш повторно на местата каде што немало никого дома таа седмица. Друга можност е, како што утврдиле многу собранија, да се направат таквите посети рано навечер, што е исто така плодно. Тогаш наоѓаат дома повеќе од половина станари.
5 Треба да направиш список на повторни посети. Ако не можеш да навратиш таму каде што немало никого дома, треба да му ги дадеш белешките на братот што ја води групата во служба, за да ги употреби за следната група што оди на тоа подрачје.
6 Посветувањето поголемо внимание на ова обележје на нашата служба може да ни ја зголеми продуктивноста, како и радоста. Може да ни пружи задоволство кое произлегува од спознанието дека сме темелни во потрагата и во грижата за луѓето слични на овци (Езек. 34:11-14).