ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/95 стр. 1
  • Јехова дава моќ

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова дава моќ
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Зошто да се молиме непрестајно?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Јехова дава моќ
    Нашата служба за Царството 2001
  • Тесно соработувај со Јеховината организација
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Одете и понатаму по истата уредна рутина
    Нашата служба за Царството 1994
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 6/95 стр. 1

Јехова дава моќ

1 Нам како Јеховин народ, дадена ни е задачата да ја проповедаме добрата вест при што своето однесување го задржуваме „примерно меѓу народите“ (1. Петр. 2:12, НС; Мат. 24:14). Со оглед на критичните времиња, како и на нашата сопствена слабост и недостатоци, ние самите никогаш не би го завршиле ова дело (2. Тим. 3:1-5). Колку само сме среќни што можеме да бараме помош од Јехова!

2 Апостол Павле поднел многу искушенија (2. Кор. 11:23-27). Што му овозможило да се соочи со нив и да ја заврши својата доделена задача? Јехова му дал „сила над она што е нормално“ (2. Кор. 4:7, НС). Павле ја признал таквата божествена помош кога напишал: „За сѐ имам сила преку оној кој ми дава моќ“ (Фил. 4:13, НС). Јехова ќе ни помогне и нам на истиот начин. Како можеме да ја добиеме оваа помош?

3 Преку постојано молење: Исус нѐ подбудил ‚да сакаме, да бараме и да чукаме‘, и да не се откажуваме (Лука 11:5-10). Нашата истрајност во молитвата му покажува на Јехова колку длабоко сме заинтересирани, колку голема желба имаме и колку ни се искрени мотивите (Пс. 54:17; 87:1, 13; Рим. 1:9-11). Павле ја признал важноста на истрајноста во молитвата кога нѐ подбудил ‚да се молиме постојано‘ (1. Сол. 5:17). Молитвата е еден од главните начини да се добие Јеховина помош.

4 Преку следење на теократското водство: „Теократија“ значи „владеење на Бог“, кој е љубов. Ние извлекуваме корист од неговото владеење со тоа што го прифаќаме Јеховиниот авторитет и ги следиме неговите упатства како во големите така и во малите одлуки. „Верниот и разумен роб“ ја претставува теократската влада на Земјата (Мат. 24:45-47, НС). Соработката со организацијата што ја користи ‚робот‘ е неопходна ако сакаме да добиеме Јеховин благослов. (Спореди Евреите 13:17.) Јехова ќе ја награди нашата лојалност кон него и нашата спремност да ги слушаме неговите закони со тоа што ќе ни ја даде потребната сила во право време (Евр. 4:16).

5 Преку блиското дружење со нашите браќа: Љубовта е знак за препознавање на Исусовите ученици (Јован 13:34, 35). При големата разновидност на личности, меѓу нас можат да настанат несогласувања поради разликите во карактерот. Треба да бидеме нежно сочувствителни, спремно простувајќи си еден на друг (Ефеш. 4:32). Ова ни овозможува да останеме блиски со нашите браќа во верата и да се охрабруваме од нивната цврста истрајност под искушенијата. „Знаејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и [нашите] браќа“, ја имаме од Бог дадената сила да се справиме со слични притисоци (1. Петр. 5:9).

6 Преку одржување на добра рутина во личната студија: Духовното зајакнување на умот и срцето ни овозможува да ги одбиеме Сатановите напади (1. Петр. 5:8). Една добра рутина во личната студија ќе ни ги зголеми залихите на божествено спознание. Можеме да црпиме од него кога се соочуваме со секојдневните предизвици. Павле нагласил дека ‚точното спознание‘ игра суштинска улога во добивањето на спасение (1. Тим. 2:3, 4, НС). Неопходно е редовно да се зема духовна храна.

7 Сите подготовки што се неопходни за да ни помогнат да останеме цврсти, лесно се достапни преку христијанското собрание. Сесрдната поддршка на овие активности ќе гарантира дека ‚ќе одиме и нема да се умориме‘ (Иса. 40:29-31).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели