Наврати кај оние кои покажале интерес
1 Кога беше најавено излегувањето на новата книга Спознание кое води до вечен живот, конгресниот говорник објасни дека „искрените ученици би требало да бидат во состојба да научат доволно преку студијата за да заземат став за Јехова и да се крстат“. Книгата е напишана на начин кој може бргу да поучи за вистината. Таа концизно дава специфични информации кои можат да ги мотивираат учениците духовно да напредуваат. Ја претставува вистината на позитивен начин, без да се задржува на лажните доктрини. За да имаме успех во користењето на овој нов инструмент, мора да правиме повторни посети кај оние кои покажале интерес.
2 Ако си разговарал со лице на кое му недостига вера во Бог, а кое сепак покажало некаков интерес, можеш да започнеш отворајќи ја книгата на илустрацијата што се наоѓа на 4. и 5. страница и да кажеш:
◼ „Минатиот пат кога бев овде, ја разгледавме оваа прекрасна илустрација со убава околина. Придружниот текст на сликата прашува: ‚Што мора да сториш за да ѝ се радуваш?‘ Како би одговориле Вие? [Дозволи одговор.] Библијата јасно идентификува едно од основните барања. [Прочитај Јован 17:3.] Спознанието е неопходно за нашата вера во Бог. Еден извонреден начин на кој можеме да научиме што треба да знаеме е преку систематското проучување на Библијата.“ Сврти на 1-то поглавје и укажи на некои од охрабрувачките мисли во пасусите 1 до 5. Објасни како се води библиска студија и предложи да навратиш за понатамошна дискусија.
3 Ако навратиш да ја продолжиш дискусијата за тоа зошто Бог го допушта страдањето, би можел да кажеш:
◼ „Последниот пат кога бев овде, разговаравме за [спомни ја темата на разговорот]. Се појави прашање зошто Бог допушта толку многу страдање во светот. До каков заклучок дојдовте Вие? [Дозволи одговор.] Охрабрувачки е да се знае дека Бог не е одговорен за ваквите жални услови.“ Сврти на 71. и 72. страница во книгата Спознание кое води до вечен живот, и продискутирај за некои мисли од Библијата кои се наоѓаат во пасусите 3 до 5. Понуди се да навратиш повторно за да објасниш зошто можеме да бидеме сигурни дека Божјето допуштање на страдањето наскоро ќе има свој крај.
4 Ако доаѓаш на повторна посета кај некој родител кој е загрижен за семејните проблеми, би можел да го кажеш ова:
◼ „Знам дека Вие како родител им го посакувате најдоброто на Вашите деца. Бидејќи е невозможно да ги заштитите од сѐ што е лошо, треба да ги учите како да излегуваат на крај со животните проблеми. Што мислите, како може да се стори тоа? [Дозволи одговор.] Една од најважните работи што еден родител може да ги обезбеди е воспитанието.“ Сврти на страници 145 и 146 во книгата Спознание и насочи го вниманието на библискиот практичен совет, нагласувајќи ја неговата важност и како следењето на истиот може да биде благослов. Предложи да навратиш повторно за да покажеш како може оваа книга да се користи за да се научи повеќе за постигнувањето на среќен семеен живот.
5 Ако вршиш повторна посета таму каде што си употребил кратка презентација, би можел да кажеш:
◼ „Никогаш не било Божја намера да старееме и да умираме. Тој имал намера да живееме вечно на рајска Земја.“ Покажи ги илустрациите на страници 188 и 189. Прочитај го 11-от пасус на 184. страница. Направи подготовки за друга повторна посета.
6 Сигурно дека оваа нова книга е уште една подготовка од Јехова за да го ‚забрза‘ делото на собирање во овие последни денови (Иса. 60:22). Ако ја користиме делотворно, можеме да посредуваме спознание кое на некого може да му помогне да постигне вечен живот.