Продолжете да ја зборувате вистината
1 Апостолите изјавиле: „Не можеме да престанеме да зборуваме за работите кои сме ги виделе и слушнале“ (Дела 4:20). И ние денес мора да продолжиме да ја зборуваме вистината. Иако дистрибуирањето на Стражарска кула и Разбудете се! е начин за пронаоѓање на оние кои ќе слушаат, ние мора да се вратиме повторно ако сакаме повеќе да ги поучиме заинтересираните за вистината.
2 Кога доаѓаме повторно откако сме оставиле примерок од специјалното издание на „Разбудете се!“ од април, со тема „Кога повеќе нема да има војни“, би можел да воведеш библиска студија прашувајќи:
◼ „Минатиот пат разговаравме за војните на нациите и за уделот на религијата во нив. Дали сфативте дека ваквите настани јасно докажуваат дека живееме во она што Библијата го нарекува последните денови? [Покажи ја книгата Спознание. Прочитај го првиот пасус од 11-то поглавје и истакни ја рамката на 102. страница.] Книгава ја објаснува оваа тема заедно со уште 18 други, наведени овде во содржината. [Покажи ја 3. страница.] Ако ми дозволите, би сакал да Ви покажам како може оваа книга да Ви помогне да стекнете разбирање за овие важни библиски прашања“. Ако ти е дозволено, започни студија на страница 6.
3 Ако си ветил дека ќе се вратиш и ќе објасниш како е можно сега да се ужива безбеден живот, можеш да кажеш нешто како ова:
◼ „Кога првпат се сретнавме, прочитавме заедно од Библијата еден извадок кој ни дава причина за оптимизам во врска со човековата иднина. Денес би сакал да Ви го свртам вниманието на нешто што покажува кој е тој што може да ни даде чувство на сигурност токму сега“. Прочитај Псалм 4:8. Сврти во книгата Спознание на страница 168 и прочитај го 19. пасус. Потоа прашај: „Дали би Ви причинувало задоволство да имате бесплатна домашна библиска студија која јасно покажува како можете и Вие да пронајдете ваков вид сигурност во Вашиот живот?“ Ако одговорот е да, сврти на 1. поглавје.
4 Ако првобитно било дискутирано за потребата од чесност на работното место, на повторната посета би можел да го испробаш овој пристап:
◼ „Можеби се сеќавате дека разговаравме за важноста на чесноста на работното место. Изјавата на Исус Христос, запишана во Лука 16:10, може исто така да влијае на нечии изгледи за наоѓање работа. [Прочитај го и прокоментирај го стихот.] Библијата содржи многу практични совети за современиот човек, вклучувајќи ги и овие зборови на Исус, кои се наоѓаат во Матеј 4:4“. Прочитај го стихот. Истакни ја важноста на редовното проучување на Библијата. Понуди домашна библиска студија со книгата Спознание.
5 Би можел да направиш директна понуда за студија на повторната посета, велејќи:
◼ „Ние ги дистрибуираме нашите списанија ширум светот за да ги информираме луѓето насекаде за тоа што учи Библијата. Ако поединците го ценат она што го учат, ние нудиме бесплатна домашна библиска студија. [Осврни се на рамката ‚Дали би сакале да бидете посетени?‘, на последната страница од Стражарска кула.] Ние ја користиме оваа книга, Спознание кое води до вечен живот, како водич. Дозволете ми накратко да Ви покажам како се води студија“.
6 Ако продолжиме да ја зборуваме вистината, можеме да бидеме сигурни дека ќе има некои кои ќе слушаат и ќе одговорат поволно (Мар. 4:20).