„Кој ќе отиде заради нас?“
Кога Јехова го поставил ова прашање, Исаија веднаш одговорил: „Еве ме мене, испрати ме мене!“ (Иса. 6:8). Поради тоа што жетвата денес е голема, истиот повик се одгласува и сега. Итно се потребни повеќе полновремени работници — општи пионери! (Мат. 9:37). Дали си спремен доброволно да се јавиш? Ако да, 1 септември, почетокот на 1998 службена година, би било убаво време да се пријавиш како пионер. Зошто не побараш молба од старешините?