ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/97 стр. 1
  • Како реагираш на апатијата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како реагираш на апатијата?
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Сличен материјал
  • „Не сум заинтересиран“
    Нашата служба за Царството 2007
  • Вовед што побудува интерес
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Како да се задржи радост во полновремената служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Проследи го интересот за Веста за Царството
    Нашата служба за Царството 1997
Повеќе
Нашата служба за Царството 1997
km 10/97 стр. 1

Како реагираш на апатијата?

1 Апатија е недостиг на чувство или емоција, отсуство на интерес или грижа. Таа е еден од повообичаените и потешки ставови на кои наидуваме во службата. Како реагираш на неа? Дали те навела да успориш во твојата служба? Како можеш да ја совладаш за да ги достигнеш луѓето со пораката за Царството?

2 Прво, одреди зошто луѓето на твоето подрачје се апатични. Дали тоа е бидејќи се разочарани од нивните политички и религиозни водачи? Дали мислат дека не постои излез од проблемите со кои се соочуваат? Дали се скептични во врска со ветувањата за нешто подобро? Дали се неспремни да размислуваат за духовни работи без да можат да ги видат непосредните опипливи користи?

3 Истакнувај ја надежта за Царството: Не постои проблем кој Царството нема да го реши. Затоа, кога можеме да го сториме тоа, треба да зборуваме за ветувањата на Царството, укажувајќи на клучните изјави од Писмото, дури и ако не е можно, или практично да покажеме некој библиски стих (Евр. 4:12). Меѓутоа, како можеме да го доведеме разговорот до таа точка?

4 Луѓето треба да ја разберат целта на нашата посета. Тие треба да сфатат дека ние сме таму од љубов кон ближниот и грижа кон заедницата. Би можеле да поставиме едно добро промислено прашање, како што е: „Што мислите, кое е решението за [еден проблем кој ја погодува заедницата]?“ Доколку еден пристап не функционира, обиди се со друг.

5 Во едно многу богато подрачје каде што станарите биле рамнодушни кон пораката за Царството, објавителите се обиделе да најдат увод кој би побудил интерес. Кога ја истакнувала книгата Спознание, една двојка се обидела со овој увод: „Дали мислите дека за успех во денешниов свет важно е едно добро образование? Дали се сложувате дека едно комплетно образование би вклучувало спознание на Библијата?“ За едно попладне дала три книги, од кои една на жена која подоцна рекла дека ја прочитала целата книга Спознание и се сложила да има библиска студија.

6 Кога ќе наидеш на апатија, обиди се со различни пристапи, поставувај прашања кои поттикнуваат на размислување и црпи од моќта на Божјата Реч. На тој начин можеби ќе можеш да им помогнеш на другите да ја прегрнат нашата прекрасна надеж за Царството.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели