„Не сум заинтересиран“
1 Во некои подрачја, луѓето обично вака реагираат на нашата порака. Што ќе ни помогне да не се обесхрабриме ако наидеме на рамнодушност на подрачјето? Како би можеле да го зголемиме интересот на луѓето за добрата вест?
2 Остани радосен: Ако имаме на ум зошто мнозина се рамнодушни, ќе можеме да останеме радосни. Луѓето што биле поучени за теоријата на еволуцијата или кои биле воспитувани во атеистичко општество можеби не размислувале за вредноста на Библијата. Други се разочарани од лицемерството што го гледаат во религијата. Кај некои, рамнодушноста е одраз на фрустрацијата и безнадежноста што ги чувствуваат во себе (Еф. 2:12). Некои ‚не обрнуваат внимание‘ бидејќи се оптоварени со животните грижи (Мат. 24:37-39).
3 Иако некои реагираат негативно, сепак можеме да бидеме радосни во службата, бидејќи знаеме дека со нашиот труд го славиме Јехова (1. Пет. 4:11). Освен тоа, кога зборуваме за вистината дури и со оние што сѐ уште не ја ценат си ја зајакнуваме нашата вера. Да се трудиме да гледаме на луѓето на подрачјето онака како што гледа Јехова. Тој ги сожалувал луѓето од Ниневија, кои ‚не знаеле што е десно, а што лево‘ (Јона 4:11). На оние што живеат на нашето подрачје им треба добрата вест! Затоа, не треба да се откажеме туку треба да бараме разни начини да го зголемиме нивниот интерес за библиската порака.
4 Зборувај за она што ги загрижува: Во твојот увод би можел да спомнеш некоја тема за која се загрижени луѓето од твоето подрачје. Потоа би можел да го замолиш станарот да го каже своето мислење. Слушај го додека зборува, а потоа како одговор на неговите грижи покажи му ја утешната порака од Библијата. Откако во неговото подрачје се случила трагедија, еден Сведок на секоја врата изразил искрено жалење за тој настан. „Наеднаш, луѓето почнаа да зборуваат“, рекол тој. „Тој ден имав многу добри разговори бидејќи покажав искрен интерес за нив“.
5 Божјето Царство ќе ги реши сите проблеми што ги измачуваат луѓето. Обиди се да дознаеш што најмногу го загрижува станарот. Можеби ќе ти дозволи да му ја објасниш библиската надеж. Ако не, можеби ќе сака да слуша „другпат“ (Дела 17:32).