Распоред за состаноците
Седмица од 8 јануари
10 мин: Локални известувања. На Состанокот за служба во седмицата од 22 јануари ќе се дискутира за видеопрограмата Без крв — медицината се справува со предизвикот. Сите што разбираат еден од јазиците на кои е достапна оваа видеопрограма ги поттикнуваме да ја гледаат за да се подготват за дискусијата. Употреби ги предлозите од 6. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 јануари и Разбудете се! од јануари. Во една презентација прикажи како да се совлада приговорот „Зафатен сум“. (Види во брошурката Како да се започнат и продолжат библиски дискусии, 11. стр.)
15 мин: Зошто е корисна брошурата Секојдневно истражување на Писмото. Говор и дискусија со присутните на темел на предговорот на брошурата Секојдневно истражување на Писмото — 2007. Дискутирај за тоа зошто треба сите да си одвојат по неколку минути секој ден за да го разгледаат стихот и коментарот. Договори се однапред со еден до двајца објавители да кажат кога тие го читаат дневниот стих и како тоа им користи. Во заклучокот накратко треба да се подискутира за годишниот стих за 2007.
20 мин: Достигни колку што е можно повеќе луѓе со добрата вест. Говор и дискусија со присутните на темел на книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја, 92. страница до поднасловот на 102. страница.
Песна 165 и заклучна молитва.
Седмица од 15 јануари
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството.
15 мин: Локални потреби, или говор од старешина „Дали поради нешто се воздржуваш?“, на темел на Стражарска кула од 1 април 2002, страници 13-15.
20 мин: „Не сум заинтересиран.“a Кога ќе дискутирате за 4. пасус, замоли ги присутните да кажат што ги интересира најмногу луѓето на вашето подрачје. Нека има две презентации во кои ќе биде прикажано како да се совлада приговорот „Не сум заинтересиран“. (Види во брошурката Како да се започнат и продолжат библиски дискусии, 8. стр.)
Песна 135 и заклучна молитва.
Седмица од 22 јануари
10 мин: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Употреби ги предлозите од 6. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 февруари и Разбудете се! од февруари. Во една презентација нека биде прикажана повторна посета кај некое лице што редовно добива списанија.
10 мин: Локални потреби.
25 мин: „Која е најквалитетната здравствена нега?“ Точката треба да ја одржи еден старешина. Веднаш започни со дискусија за видеопрограмата Без крв, користејќи ги прашањата што се наоѓаат во статијата. Во заклучокот прочитај го последниот пасус и поттикни ги сите внимателно да ги разгледаат наведените статии од Стражарска кула.
Песна 188 и заклучна молитва.
Седмица од 29 јануари
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата на проповедање за јануари. Спомни која литература ќе се нуди во февруари, и нека има една презентација.
20 мин: „Дали си подготвен за природна катастрофа?“b Точката треба да ја одржи еден старешина. Вклучи некои мисли од 3. страница од Нашата служба за Царството од ноември 2005.
15 мин: Ако ветиш дека пак ќе дојдеш, тогаш одржи си го ветувањето. Говор и дискусија со присутните на темел на 11. страница во Стражарска кула од 15 септември 1999. Замоли ги присутните да кажат некои искуства што покажуваат дека биле благословени затоа што повторно ги посетиле оние на кои тоа им го ветиле.
Песна 137 и заклучна молитва.
Седмица од 5 февруари
10 мин: Локални известувања.
15 мин: Јас сум Јеховин сведок! Говор и дискусија со присутните. Некои млади се плашат да кажат дека се Јеховини сведоци бидејќи мислат дека нивните врсници можеби ќе ги исмеваат. Меѓутоа, има добри причини да кажеме кои сме. Наставниците кои знаат за твоите верувања веројатно повеќе ќе ги почитуваат и нема да те тераат да учествуваш во активности што не се исправни. Проблематичните ученици поретко ќе те наговараат со нив да правиш нешто што е погрешно. Другите полесно ќе разберат зошто не сакаш да бидеш во врска со лица од спротивниот пол и зошто не учествуваш во училишните спортови и други воншколски активности. Исто така, помалку ќе се плашиш да сведочиш на училиште или да сретнеш некој школски другар додека проповедаш на подрачјето (g 8.7.02, стр. 28). Замоли ги објавителите да кажат како им користело тоа што на училиште отворено кажале дека се Јеховини сведоци. Со еден до двајца од нив договори се однапред да коментираат.
20 мин: „Љубовта е клучот за плодоносна служба“.c Вклучи некои мисли од Стражарска кула од 1 февруари 2003, страница 23, пасуси 16, 17.
Песна 83 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.