Нашите ближни треба да ја чујат добрата вест
1 Божја волја е „сите видови луѓе да бидат спасени и да дојдат до точно спознание на вистината“ (1. Тим. 2:4, NW). „Сите видови луѓе“ би ги вклучувале сите наши ближни. За да ги достигнеме со добрата вест, потребно е да бидеме прилагодливи во нашите презентации и заинтересирани за тоа што би можело да биде од интерес за секое лице што ќе го сретнеме (1. Кор. 9:19—23). Јеховината организација обезбедила алатки кои можат да ни помогнат да ги достигнеме срцата на оние кои се „исправно настроени за вечен живот“ (Дела 13:48, NW). Да видиме како можеме да користиме различни брошури во текот на јули и август за да ги пресретнеме духовните потреби на нашите ближни.
2 Истакнати брошури: Подолу ќе најдеш наведени предлози кои може да бидат корисни кога ќе презентираш извесни брошури. Секој предлог вклучува 1) прашање кое поттикнува на размислување за да се започне разговор, 2) референца каде во брошурата можат да се најдат мисли за разговор и 3) соодветен стих кој може да се прочита во текот на дискусијата. Останатиот дел од презентацијата можеш да го исполниш со сопствени зборови, во зависност од тоа што ќе одговори лицето. За повеќето брошури, наведено е некое поранешно издание на Наша служба за Царството каде што ќе најдеш подетална презентација за брошурата.
Се грижи ли Бог навистина за нас?
Што мислите, каква надеж постои за да им се помогне на луѓето кои биле злоупотребени? (страници 27, 28; пасуси 23—27; Иса. 65:17, 18; km 7/97 стр. 4).
Која е смислата на животот? — Како да се пронајде?
Зошто изгледа дека толку многу луѓе денес се незадоволни од својот живот? (страници 29, 30, пасуси 2, 25, 26; Псал. 144:16; km 7/96 стр. 4).
Радувај се на животот засекогаш на Земјата!
Дали некогаш сте се прашале што прави Исус сега? (слики 41, 42; Откр. 11:15; km 8/96 стр. 8).
Владата која ќе воспостави рај
Дали би сакале да дознаете нешто за Царството за кое Исус нѐ поучил да се молиме? (страница 3; Мат. 6:9, 10; km 8/96 стр. 8).
Кога ќе умре некој што го сакаш
Дали некогаш сте се прашале како да утешите некого кому му умрел некој сакан? (страница 26, пасуси 2—5; Јован 5:28, 29; km 7/97 стр. 4).
Дали треба да се верува во тројство?
Дали нашето разбирање на вистинската природа на Бог е важно за нашата иднина? (страница 3, пасуси 3, 6, 7; Јован 17:3).
3 Други брошури: Додатокот од Наша служба за Царството од февруари 1998 наведува и други публикации, вклучувајќи брошури кои се посебно наменети за да се користат при сведочењето на будисти, Хиндуси, Евреи и муслимани. Секаде каде што е прикладно, овие брошури можеме да им ги нудиме на луѓето што ги сретнуваме. Можеш повторно да ги разгледаш предлозите на страници 4—6 од тој додаток заедно со страници 13—16 од брошурата Како да се започнат и продолжат библиски дискусии и да разработиш кратки презентации кои можат да го подбудат интересот кај овие луѓе.
4 Подготвена е уште една брошура која ќе им помогне на луѓето кои можеби се добро образовани, но не знаат многу за Библијата. Таа е наменета за да ги потикне да посакаат да ја испитаат Божјата Реч. Онаму каде што е прикладно, можеби ќе ги избереш следниве понуди:
Книга за сите луѓе
Дали би се согласиле дека стекнувањето едно комплетно образование вклучува стекнување спознание и за она што го содржи Библијата? (страница 3, пасуси 1—3 и страница 30, пасус 2; Проп. 12:9, 10).
5 Брошура за библиска студија: Нашата цел во службата секогаш треба да биде да започнеме библиска студија, било при првата посета било при некоја следна повторна посета. За таа цел ја имаме следнава лесно употреблива брошура за започнување и водење домашни библиски студии:
Што бара Бог од нас?
Дали сте знаеле дека за 30-тина минути секоја седмица во текот на 16 седмици можете да стекнете основно разбирање за Библијата? (лекција 2, пасус 6; 2. Тим. 3:16, 17; km 3/97 стр. 4).
6 Во илустрацијата за ближниот Самарјанин, Исус јасно покажал дека вистински ближен е оној кој практикува љубов и љубезност за да му помогне на оној што е во неволја (Лука 10:27—37). Нашите ближни се наоѓаат во духовна неволја. Треба да ја чујат добрата вест. Да ја преземеме одговорноста да ја споделуваме со нив, со што ќе покажеме дека сме вистински ученици на Исус Христос (Мат. 24:14; Гал. 5:14).