Нудење брошури за да се пронајдат заинтересирани
1 Брошурите се моќни орудија. На само 32 страници, една брошура може одлучно да изнесе библиски вистини и да сруши умувања и учења кои се противат на Божјето спознание (2. Кор. 10:5).
2 Откако ја прочитал брошурата Јеховините сведоци — Обединето ја извршуваат Божјата волја ширум светот, еден човек бил поттикнат да напише: „Никогаш не сум видел таква организација. . . . Прекрасно е да најдеш луѓе кои толку сериозно ја сфаќаат Божјата волја во овој век на толку големо религиозно лицемерство“. Некој врач во Африка ја проучувал брошурата Радувај се засекогаш на животот на Земјата. Какво влијание извршила таа врз него? Ја напуштил својата врачарска практика и ги отпуштил жените кои живееле со него покрај неговата постара жена. Потоа, законски се венчал со неа.
3 Брошурата Дали треба да се верува во Тројство? е добро документирано, прифатливо и делотворно орудие на вистината. Коментирајќи за неа, еден писател на религиозни теми за весникот The Sunday Gleaner од Јамајка (Западноиндиски острови) рекол: „Објавувањето на брошурата . . . е мајсторско дело на Сведоците, и сега ниту еден тринитаријанец — или бинитаријанец — повеќе не е сигурен. Во брошурата се наведени многу цитати од историски и теолошки дела, за да покаже дека науката за Тројството не е библиска наука . . . За мене, кој пишувам за религијата, е тешко да си замислам како просечниот — или дури натпросечниот — посетител на црквата би можел да ги побие силните и изразити аргументи од Сведоците против гледиштето дека Исус е Бог“.
4 Добро искористи ги: За да бидат делотворни, овие привлечни и уверливи орудија мора да им се оставаат на луѓе кои ќе ги прочитаат. Со оглед дека имаме различни брошури, од кои секоја обработува различна тема, треба да настојуваме да ја понудиме онаа за која сме процениле дека е најприкладна за поединецот на кого му сведочиме. Ако ги познаваме нашите брошури и имаме при рака различни, полесно и добро ќе ги користиме, сеедно дали во службата на подрачјето, дома или на било кое друго место.
5 На пример, ако му зборуваме на некој кому му е нејасна доктрината за Тројство на т. н. христијанство или мисли дека Исус е Бог, која брошура ќе ја употребиш? Ако некој прашува зошто еден љубезен Бог би допуштал толку многу страдања или ако лицето изразува загриженост околу потребата за влада која ќе им користи на луѓето, која ќе биде правата брошура за него?
6 Освен што ќе знаеш која брошура да ја употребиш, настојувај да го пробудуш апетитот на лицето за нејзината содржина. Ако дозволуваат околностите, укажи на коментар или илустрација која може да го побуди неговиот интерес за читање на материјалот. Или, можеш заедно со него да прочиташ еден или два пасуси, да ги побарате наведените стихови и да дискутирате за материјалот. На ваков начин биле започнати голем број одлични библиски студии.
7 Нашите брошури пружаат библиски одговори и им влеваат надеж на оние кои жалат и воздивнуваат заради гадотиите што се вршат во светот. (Спореди Језекиил 9:4.) Луѓето кои се слични на овци ќе реагираат на пораката која таквата литература ја содржи. Имаме предност добро да ги користиме брошурите во сите обележја на нашата служба додека бараме заинтересирани.