Делотворно користење на брошурите во јули
1 За да го забрза делото на правење ученици, организацијата великодушно снабдува со голем број различни публикации. Меѓу нив се и брошурите кои обработуваат одредени теми, како што е Божјата намера со Земјата, Тројството, Божјето име, Царската влада и Божјето допуштање на злото. Како можеме делотворно да ги користиме брошурите за да им помогнеме на луѓето на нашето подрачје?
2 Брошурата Гледај! Сѐ ново создавам! логично објаснува дека новиот свет, кој ќе биде ослободен од страдање, е близу. Како можеме да ја воведеме? Предлози може да се најдат во книгата Расудување под насловот „Страдања“ кој почнува на страница 282, или, ако претпочиташ, предлогот на страница 13 под насловот „Неправда/Страдања“.
3 Можеш да речеш:
◼ „Сте се прашале ли некогаш: ‚Дали се грижи Бог навистина што луѓето доживуваат неправда и страдања?‘“ Дозволи одговор. Прочитај Псалм 71:12-14. Потоа сврти на страница 15 од брошурата Гледај! Сѐ ново создавам! и дискутирај за поднасловите до 19. страница, како и за значењето на илустрацијата на страница 17. Ако брошурата е одбиена, зошто да не понудиш трактат, како што е Утеха за потиштените или Живот во мирољубивиот нов свет?
4 Добрата влада е тема на денешницава. Многумина се прашуваат дали човековото владеење ќе го обедини светот. Во книгата Расудување се наоѓаат корисни информации под насловот „Влада“, почнувајќи од страница 73.
5 Можеш да прашаш:
◼ „Можно ли е луѓето да воспостават влада која навистина ќе донесе трајна среќа?“ Дозволи одговор, а потоа прашај: „Што покажува човековата историја?“ Сврти на Јеремија 10:23 или на страница 73 во книгата Расудување и прочитај ги прикладните стихови и коментари. Потоа, сврти на страници 24 и 25 во брошурата Гледај! и разгледај ги илустрациите и библиските стихови. Објасни како Божјата влада ќе ги обедини луѓето од целиот свет. Ако станарот не ја прифаќа брошурата, можеш да му го понудиш трактатот Ќе преживее ли овој свет?
6 Ако во твоето соседство постои страв од криминал, следниов увод може да биде привлечен.
7 Можеш да речеш:
◼ „Многу луѓе се прашуваат: ‚Ако е Бог љубов, зошто допушта зло?‘ Дали и вие некогаш така сте се запрашале?“ Дозволи коментар, а потоа речи: „Забележете дека Изреки 19:3 ни вели да не го обвинуваме Бог за лошите работи што ги прават луѓето“. Откако ќе го прочиташ стихот, насочи го вниманието на страница 15 од брошурата Гледај! Сѐ ново создавам! и прочитај го 27. пасус. Тоа може да води до дискусија за наредните пасуси.
8 Користењето брошури за да се поучат луѓето слични на овци за добрата вест, е нешто што секој од нас може да го прави. Можеме да им помогнеме на луѓето од сите животни профили да се поврзат со Божјата организација. Имаме предност да учествуваме во проповедничката активност додека делотворно ги користиме нашите навремени брошури.