Користи брошури за да го привлечеш и умот и срцето
1 Библиската вистина треба да се изнесе на таков начин што ќе го привлече и умот и срцето. Кога Исус им ја изложувал вистината на своите слушатели, тој избирал теми кои ги интересирале и ги мотивирале (Лука 24:17, 27, 32, 45). Успехот на нашата служба многу зависи од напорите што ги вложуваме за да ги идентификуваме духовните потреби на нашите слушатели.
2 Брошурите можат да бидат делотворни алатки за да се достигне умот и срцето на оние што ги среќаваме во службата. Однапред размисли за тоа кој би можел да реагира на пораката што е изнесена во секоја од брошурите што се нудат во август:
— Се грижи ли Бог навистина за нас? Луѓето кои се економски притиснати или кои доживеале некоја трагедија ќе ја ценат оваа утешителна порака за една иднина без страдање.
— Која е смислата на животот — како да се пронајде? Младите кои сериозно размислуваат за својата иднина ќе извлечат корист од библиски темелените одговори што се наоѓаат во оваа брошура.
— Радувај се на животот засекогаш на Земјата! Многуте слики и наведени стихови ќе им помогнат на малите деца и на оние кои имаат ограничена способност за читање да ги разберат Божјите намери.
— Владата која ќе воспостави Рај. Секој кој има врска со владата би можел да реагира на оваа порака за тоа како Божјето Царство ќе ги реши тешките проблеми на човештвото.
— Кога ќе умре некој што го сакаш. Многу директори на погребни заводи ќе ценат да имаат при рака примероци од оваа брошура за ужалените семејства. Објавителите кои сведочат на гробишта ја користат оваа брошура за да ги утешат ужалените. Две сестри му пристапиле на едно седумчлено семејство кое се молело на некој гроб. Како резултат на тоа што ја споделиле утешителната порака од брошурата, следниот ден била започната библиска студија со мајката!
— Дали треба да се верува во тројство? Некое искрено религиозно лице би можело да реагира на вистината што се наоѓа во ова добро документирано излагање на фундаменталната доктрина на христијанскиот свет.
3 Добро запознај се со секоја брошура и одреди како најдобро да ја користиш на своето подрачје. За предложените презентации види ја задната страница на изданието на Наша служба за Царството од јули 1998. Јехова нека ги благослови твоите напори да го привлечеш и умот и срцето на луѓето (Мар. 6:34).