Родители — дајте им добар пример на своите деца
1 Божјата реч ни кажува дека ‚таткото [и мајката] на еден праведник сигурно ќе бидат радосни‘ (Изр. 23:24, 25, NW). Колкав само благослов за родителите кои им дале добар пример на своите деца! Еден член на Одборот на една подружница во врска со своите родители рекол: „Вистината беше целиот нивни живот, и затоа сакав и јас да направам таа да биде целиот мој живот“. Што треба децата да видат во своите родители?
2 Добри манири и длабока почит: Родителите имаат одговорност да всадат добри особини во своите деца. Добрите навики не се учат само со усмена поука туку и преку набљудување и имитирање. Затоа, какви манири покажувате вие? Дали вашите деца ве слушаат како велите „извини“, „те молам“ и „благодарам“? Дали во семејството меѓусебно се однесувате со длабока почит? Дали внимавате додека другите зборуваат? Дали слушате кога децата ви зборуваат вам? Дали овие добри особини ги покажувате во Салата на Царството и додека сте сами дома?
3 Јака духовност и ревносна активност: Еден брат кој поминал повеќе од 50 години во полновремена служба се сеќава: „Мајка ми и татко ми беа прекрасен пример за ценење на состаноците и ревност за службата“. Како им покажувате на своите дека дека сте заинтересирани за одржувањето на духовноста на оние кои се во вашето домаќинство? Дали заеднички го разгледувате дневниот стих? Дали имате редовна семејна студија? Дали вашите деца ве гледаат како ја читате Библијата и публикациите на Заедницата? Што слушаат кога се молите во корист на семејството? Дали водите изградувачки духовен разговор со своите деца, дискутирајќи за позитивните работи на вистината и за собранието? Дали желно присуствувате на сите состаноци и учествувате во службата на теренот како семејство?
4 Родители, размислувајте за тоа каков пример им давате на своите деца. Примерот нека биде извонреден и тие ќе го ценат во текот на целиот свој живот. Сопругата на еден патувачки надгледник, која сега е во своите 70-ти години, рекла: „Сѐ уште ми користи добриот пример на моите христијански родители полни со љубов. И горливо се молам да покажам потполно ценење за ова наследство со тоа што секогаш исправно ќе го користам“.