Имитирај ја Јеховината непристрасност
1 Јехова е заинтересиран за луѓето. Тој непристрасно го прифаќа секого кој ја извршува неговата волја (Дела 10:34, 35). И Исус бил непристрасен кога им проповедал на луѓето (Лука 20:21). Треба да го имитираме нивниот пример, како што правел и Павле, кој напишал: „Еден и ист е Господ на сите, богат за сите, кои го призовуваат“ (Рим. 10:12).
2 Кога им ја објавуваме добрата вест за Божјето Царство на сите со кои се среќаваме, тоа му донесува слава на Бог. Мора да продолжиме да им ја пренесуваме оваа прекрасна порака на другите, без оглед на нивната раса, социјален статус, образование или финансиска состојба (Рим. 10:11—13). Тоа значи да им проповедаме на оние што ќе слушаат — мажи, жени, млади и стари. Треба да одиме на секоја врата за да му дадеме прилика на секој станар да ја слушне вистината.
3 Покажи интерес за секого: Наша цел е да дојдеме во контакт со секого со кој можеме. Имајќи го ова на ум, некои објавители биле успешни додека им сведочеле на луѓето во амбулантите, во болниците, во домовите за негување стари лица, во објектите за социјална грижа и во центрите за рехабилитација. Исто така, објавителите им сведочеле на службеници во погребални претпријатија, на управници и советници во училиштата и на судии. Кога им се пристапува на службеници, прикладно е да им се изрази ценење за корисните услуги што ги обезбедуваат во заедницата. Покажувајте почитување и избирајте навремени статии кои зборуваат за нивната професија и за проблемите поврзани со неа.
4 Во една прилика, една сестра успеала да разговара со еден судија во неговата канцеларија. После еден жив разговор, тој спремно го дал следниов коментар: „Знаете ли што ми се допаѓа кај Јеховините сведоци? Тие имаат цврсто втемелени начела од кои не отстапуваат“. На ова влијателно лице му било дадено убаво сведоштво.
5 Ние не можеме да ги читаме срцата на луѓето. Сепак, разговарајќи со секого што ќе го сретнеме, ја покажуваме нашата вера во Божјата способност да го насочува нашето дело. Освен тоа, ова им дава предност на луѓето да ја слушнат и да реагираат на пораката на надеж (1. Тим. 2:3, 4). Мудро да го користиме нашето време и да настојуваме да ја имитираме Јеховината непристрасност со тоа што ќе достигнеме колку што е можно повеќе луѓе со добрата вест (Рим. 2:11; Ефеш. 5:1, 2).