ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/00 стр. 1
  • Дали ти ќе бидеш таму?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали ти ќе бидеш таму?
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Сличен материјал
  • Извлечи полна корист од Обласниот конгрес за 1993 — ,Божествена поука‘
    Нашата служба за Царството 1993
  • Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 2006 „Избавувањето е близу“
    Нашата служба за Царството 2005
  • Обласни и меѓународни конгреси за 1998 — „Божји начин на живот“
    Нашата служба за Царството 1998
  • Дали ќе присуствуваш?
    Нашата служба за Царството 1999
Повеќе
Нашата служба за Царството 2000
km 1/00 стр. 1

Дали ти ќе бидеш таму?

1 Во една прилика, еден долгогодишен Сведок рекол: „Ако го пропуштиш првиот ден од конгресот, ти веќе си пропуштил многу!“ Зошто мислел така? Затоа што првиот ден е почеток на една богата духовна гозба што Јеховината организација ја подготвила за нас (Иса. 25:6). Нашата присутност од самиот почеток покажува дека се согласуваме со изјавата на псалмистот: „Се зарадував кога ми рекоа: ‚Ќе одиме во домот Господов‘“ (Псал. 121:1).

2 Меѓутоа, на некои од минатогодишните обласни конгреси „Божјата пророчка реч“, присутноста во петок беше значително помала отколку во сабота и во недела. Тоа значи дека голем процент од нашите браќа пропуштиле да ги чујат конгресните делови на кои беа изнесени важни информации во врска со пророчката Реч. Исто така, тие пропуштија и радосно дружење со своите соверници.

3 Не дозволувај да те спречи световната работа: Загриженоста дека ќе им биде загрозено работното место може да биде причина зошто некои не доаѓаат во петок. Сепак, многу Сведоци утврдиле дека нивните работодавци се спремни да соработуваат во овој поглед ако доволно однапред бараат слободен ден. Еден работодавец бил толку импресиониран од цврстата одлучност на една сестра пионер да присуствува на сите собраниски состаноци и собири што и самиот тој присуствувал цел еден ден на конгресот!

4 Не треба да претпоставиш дека твојот работодавач не е расположен да ти даде слободен ден ниту, пак, да заклучиш дека не е важно тоа што ќе испуштиш еден ден од конгресот. Со длабока увереност, подготви се тактично да му покажеш на својот работодавец на темел на Писмото зошто присуството на конгресот е важен дел од твоето обожавање (Евр. 10:24, 25). Потоа стави ја својата целосна доверба во Јеховините ветувања, признавајќи дека што и да бараш во материјален поглед, ќе биде обезбедено ако на прво место во животот ги ставаш духовните потреби (Мат. 6:33; Евр. 13:5, 6).

5 Клучниот фактор е ценењето за „поважните работи“ (Фил. 1:10, 11, NW; Псал. 26:4). Ова нѐ поттикнува да правиме планови да извлечеме потполна корист од оваа витална подготовка од Јехова. Уште сега почни да правиш дефинитивни планови и биди одлучен ти да бидеш таму сите три дена!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели