Задржи добро однесување кое го прославува Бог
1 Каде и да сме, нашето однесување, облекување и дотерување сведочат за нас и за Богот кој го обожаваме. Ова се забележува особено на големите собири на Божјиот народ, каде што нѐ набљудуваат многу луѓе. Кога сме примерни, Јеховиното име е прославено (1. Петр. 2:12, NW). Меѓутоа, лошото однесување или непромислените постапки само на неколкумина, можат да донесат прекор врз Божјето име и врз неговиот народ (Проп. 9:18б). Ако имаме на ум дека врз основа на нашето однесување оние однадвор ја просудуваат нашата организација и Богот кој го обожаваме, тоа треба да нѐ држи свесни ‚да правиме сѐ за слава Божја‘ (1. Кор. 10:31).
2 Соодветна пристојност на конгресот: Без оглед на тоа каков објект се користи, додека трае конгресот треба да го сметаме за голема Сала на Царството. Соодветното облекување и дотерување треба да бидат очигледни исто како кога присуствуваме на состаноците во нашето локално собрание. И за време на конгресните сесии и после нив, браќата и сестрите треба да избегнуваат да носат нескромна или помодна облека, која го одразува духот на светот и која тешко нѐ разликува од другите на еден позитивен начин. Сестрите треба да внимаваат на стилот и должината на нивните сукњи и фустани, кои треба да бидат скромни (1. Тим. 2:9, 10). Сеедно дали присуствуваме на конгресот, јадеме во ресторан или купуваме во продавница, секогаш треба да биде видливо дека сме Божји министри, да не даваме причина за спрепнување (2. Кор. 6:3).
3 Крштавањето ќе се одржи во сабота претпладне на конгресот. Стражарска кула од 1 април 1995, страница 30, го опишува ставот што треба да го покажуваме во таа прилика. Таму стои дека „мораме да гледаме на крштавањето со соодветна сериозност. Тоа не е време за изливи на чувства, за забави или за бучни веселби. Но, не е ниту време за преголема сериозност или крутост“. Би било сосема несоодветно ако оние што се крштаваат носат скудни или отворени костими за капење, сеедно дали се мажи или жени. Затоа, сите треба да ја одразуваат и сериозноста и радоста на христијанското крштавање.
4 Петар нѐ потсетува на тоа ‚какви личности треба да бидеме во делата на свето однесување и на побожна оддаденост‘ (2. Петр. 3:11, NW). Нашите зборови и постапки на Обласниот конгрес „Извршители на Божјата реч“ нека им помогнат на оние кои искрено нѐ набљудуваат да го запознаат и да го обожаваат нашиот величествен Бог, кој е достоен за сета чест и слава (1. Кор. 14:24, 25).