ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/01 стр. 6
  • Прави добро и имај пофалба!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прави добро и имај пофалба!
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • „Живејте примерно меѓу луѓето во светот“
    Нашата служба за Царството 2014
  • Обласен конгрес за 1995, „Радосни фалители“
    Нашата служба за Царството 1995
  • Однесување што му носи фалба на Бог
    Нашата служба за Царството 2013
  • Нашите обласни конгреси — големо сведоштво за вистината
    Нашата служба за Царството 2012
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 5/01 стр. 6

Прави добро и имај пофалба!

1 „Тие имаат некакво спокојство што не сум го видела кај други луѓе.“ „Задоволство е да се има оваа група.“ Ова се типични позитивни коментари од многуте што ги дадоа набљудувачите откако завршија минатогодишните обласни конгреси, подвлекувајќи ја добрата репутација што ја имаме како организација (Посл. 27:2; 1. Кор. 4:9). На крајот, таквата фалба стигнува до Јехова (Мат. 5:16). Пред нас стои уште една извонредна прилика да го фалиме Бог, на овогодишниот Обласен конгрес „Учители на Божјата реч“.

2 Секоја година добиваме љубезни потсетувања во врска со соодветното однесување на конгресот. Зошто? Затоа што додека ставовите, облеката и однесувањето на светот продолжуваат да се расипуваат, ние одбиваме тоа да влијае врз нас. Не сакаме да ја расипеме нашата добра репутација (Ефеш. 2:2; 4:17). Да ги задржиме на ум следниве опомени.

3 Прави добро — каде што си сместен: Секоја година многу наши браќа и сестри ја покажуваат својата љубов со тоа што ги ставаат на располагање своите домови или станови за гостувачките конгресни делегати. Сигурно го цениме ова и сакаме да ја покажеме нашата благодарност со начинот на кој се однесуваме и се грижиме за објектите што ни се оставени на располагање. Секогаш сакаме да имаме на ум дека од пресудна важност е да се грижиме за собата, мебелот и другите предмети. Никогаш не сакаме да го искористиме гостопримството што ни е укажано барајќи за нас да се направат специјални подготовки или сметајќи дека се подразбира дека ќе ни биде обезбедена храна за време на конгресот.

4 Ако имаме деца, треба да им врежеме во мислите дека тие секогаш треба да се однесуваат учтиво и да бидат послушни (Ефеш. 6:1, 2). Родители, ве молиме, надгледувајте ги своите деца за да не им сметаат на другите и да не ја уништуваат сопственоста на нашите браќа и сестри. На децата не треба да им се дозволи без надзор да шеткаат низ домот на домаќините. Треба да сфатат што значи тоа да се биде гостин и родителите не треба да очекуваат братот или сестрата што им обезбедуваат сместување да се грижат за децата, да ги дисциплинираат или, пак, да ги чуваат. Родителите имаат одговорност да ги надгледуваат децата и да ги дисциплинираат кога е потребно.

5 Прави добро — на конгресната локација: Забележано е дека некои делегати одбиле да соработуваат со редарите, дури и им зборувале на нехристијански начин. Заради тоа што не ги следеле упатствата на браќата и паркирале на места каде што не е дозволено, на некои делегати им ги однеле автомобилите со пајак. Сигурно, себичниот став не нѐ идентификува како извршители на она што е добро ниту, пак, му носи фалба на Јехова Бог. Затоа, да покажуваме љубов, стрпливост и да соработуваме (Гал. 5:22, 23, 25).

6 Кога ќе се отворат конгресните врати во 8.00, може да се види како некои браќа и сестри трчаат, се туркаат и се буткаат за да ги заземат „најдобрите“ места. Заради ваквото однесување дошло и до повреди. Иако беше предложено да си понесеме лесен оброк за да јадеме напладне, не е на место да се поставуваат маси на паркиралиштето или да се простираат ќебиња на тревата за да се послужи голем оброк.

7 Прави добро — во облекувањето и дотерувањето: Откако завршил еден од минатогодишните обласни конгреси, уредникот на еден весник на една голема метропола напишал: „Повеќе од сѐ друго, однесувањето на Сведоците ми остави најголем впечаток. Колкаво само освежување беше да се видат толку многу луѓе кои се однесуваат со толкаво достоинство и почит. Облечени во најубавата празнична облека, стотици семејства од различни расни и етнички заднини мирно се слеваа кон стадионот. Нивното однесување беше сосема спротивно од однесувањето на повеќето мноштва што доаѓаат на тој стадион. Всушност, Сведоците многу се разликуваат од повеќето мноштва воопшто. Стана премногу вообичаено да се гледа неучтиво однесување во јавноста . . . Навистина, мноштвата на Сведоците се вистинско освежување“. Никогаш да не дозволиме нашето облекување и дотерување или нашето однесување да одвлечат на кој и да е начин од духовната атмосфера на конгресот (Фил. 1:10; 1. Тим. 2:9, 10).

8 Прави добро — на крштавањето: Кандидатите за крштавање ќе сакаат да се однесуваат со најголемо достоинство во оваа прилика. Со скромниот костим за капење ќе покажеме ценење за светоста на оваа прилика. Би било многу корисно оние што водат библиска студија да ја разгледаат со своите студенти пред да присуствуваат на конгресот рубриката „Прашања од читателите“ во изданието на Стражарска кула од 1 април 1995.

9 Нашата пристојност и побожно однесување сведочат за нашите христијански верувања и им олеснуваат на оние што се со искрени срца да ја препознаат вистината. Затоа, „прави добро“ и имај пофалба додека присуствуваш на Обласниот конгрес „Учители на Божјата реч“ (Рим. 13:3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели