ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/00 стр. 1
  • Во прашање се животи!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во прашање се животи!
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Сличен материјал
  • Порака што мораме да ја објавуваме
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Продолжи да проповедаш!
    Нашата служба за Царството 2000
  • Дали се трудиш потполно да ја извршиш службата за Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • ‚Внимавај на службата што си ја примил во Господарот‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Нашата служба за Царството 2000
km 9/00 стр. 1

Во прашање се животи!

1 Библијата јасно покажува дека Јеховината волја е „сите видови луѓе да се спасат“. Меѓутоа, точно е и тоа дека изгледот за живот на милијардите луѓе кои живеат на земјата зависи од нивниот став кон Јехова Бог и неговото Царство со кое ќе владее Исус Христос. Темел за исправниот став може да биде само ‚точното спознание на вистината‘ (1. Тим. 2:3, 4). Додека објавуваме дека наскоро земјата ќе биде исчистена од сета злоба за да се отвори пат за Божјиот нов свет на праведност, имаме налог да извршуваме и едно важно животоспасувачко дело (Мат. 24:14; 28:19, 20; Рим. 10:13—15).

2 Зошто е толку итно? Исус дал предупредување за една „голема неволја каква што не се случила од почетокот на светот“ (Мат. 24:21). Таа неволја ќе ја достигне својата кулминација во Армагедон (Отк. 16:16). Во масите луѓе на кои им претстои уништување ако не се одѕвијат на добрата вест спаѓаат и нашите роднини кои не се верници, соседите, колегите, сокласниците и познаниците. Но, ние сме заинтересирани да дојдеме до „сите видови луѓе“ при што ќе го имитираме Бог, кој ја покажал својата љубов кон целиот свет на човештвото давајќи го својот Син, Исус Христос, како откуп за сите (Јован 3:16). Мораме ревносно да настојуваме да ги повикуваме сите да избегаат во Божјето место на безбедност. Со тоа што темелно ќе го извршуваме проповедничкото дело, можеме да избегнеме вина за крв (Езек. 33:1—7; 1. Кор. 9:16).

3 Која е нашата цел? Важноста на проповедничкото дело е нагласена низ целата Божја реч. Како што се изразил апостол Павле, „љубовта што ја има Христос нѐ тера“ да живееме во склад со Божјите патишта (2. Кор. 5:14). Освен тоа, Стражарска кула честопати ја нагласува нашата обврска да проповедаме. Наша служба за Царството постојано ни дава упатства за тоа како да го извршуваме проповедничкото дело. Старешините го организираат делото и нѐ охрабруваат да учествуваме во него. Другите објавители нѐ повикуваат да учествуваме со нив во службата. Слушаме многу работи за подготовката на нашите презентации, за нудењето списанија и друга литература, правењето повторни посети, водењето библиски студии и користењето на секоја прилика за да даваме сведоштво. Сето ова ни помага да ја постигнеме нашата цел да спасуваме животи (1. Кор. 9:22, 23; Ефеш. 1:13).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели