ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/01 стр. 7
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • Како ни користи Собраниското проучување на книга
    Нашата служба за Царството 2007
  • Како да извлечеш корист од групата за проповедање
    Нашата служба за Царството 2012
  • Собраниската студија на книга ги унапредува образовните активности
    Нашата служба за Царството 1994
  • Соработување со нашиот водител на Собраниската студија на книга
    Нашата служба за Царството 1993
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 4/01 стр. 7

Рубрика прашања

◼ Кога би било соодветно да се формира уште една група за Собраниска студија на книга?

Формирањето нова група треба да се разгледа кога тоа ќе биде неопходно за да се одржи присуство од околу 15 или помалку лица на секое место каде што се одржува студија на книга, вклучувајќи ја и Салата на Царството. Зошто се препорачува ова?

Кога групите за Собраниска студија на книга се мали, водителот може да му обрне поголемо внимание на секој што присуствува. Освен тоа, сите имаат добра прилика да коментираат во околности кои им помагаат да дадат јавна изјава за својата вера (Евр. 10:23; 13:15). Ако има помали групи на неколку локации на подрачјето на собранието, попогодно е да се присуствува на Собраниската студија на книга и на состаноците за служба на теренот. Собранијата кои го зголемиле бројот на локации откриле дека се зголемила и вкупната присутност на студијата на книга.

Можеби има посебни околности заради кои е препорачливо да се формира уште една група, дури и ако таа е прилично мала. Ова може да биде случај во некое изолирано подрачје или онаму каде што моменталните групи се преполни или нема соодветни места за седење. Кога ќе биде потребно, може да се формира една група која одржува состанок денски во корист на постарите, оние кои работат ноќна смена или сестрите чии сопрузи не се Сведоци.

Во секоја група за студија на книга треба да има по неколку духовно јаки и активни објавители, како и квалификуван водител и читател. Браќата треба да настојуваат да ги исполнат овие потреби на собранието.

Старешините можат да го поттикнат напредокот на собранието со тоа што ќе се погрижат групите за собраниска студија на книга да бидат разумно големи и духовно добро згрижени и да се состануваат на погодни места. Секогаш кога ќе биде практично, треба да се формираат нови групи за да можат сите целосно да извлечат корист од оваа посебна духовна подготовка. Дали би можел да го понудиш својот дом како локација за студија на книга? Многумина кои го направиле тоа, доживеале духовни благослови.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели