ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/01 стр. 3
  • Конгресите — време за радост!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Конгресите — време за радост!
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • Јехова го собира својот радосен народ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Обласни и меѓународни конгреси за 1998 — „Божји начин на живот“
    Нашата служба за Царството 1998
  • Дали ги цениш светите работи?
    Нашата служба за Царството 2000
  • Обласни конгреси за 1999 — „Божјата пророчка реч“
    Нашата служба за Царството 1999
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 5/01 стр. 3

Конгресите — време за радост!

1 Конгресите на Јеховините сведоци се прилики за голема радост. Повеќе од сто години, овие собири придонесуваат за порастот што го има во нашата организација. Од мали почетоци, го гледаме Јеховиниот богат благослов врз нашето светско дело. На нашиот прв конгрес во современа доба, во Чикаго (Илиноис), во 1893, вкупно 70 од 360-те присутни се крстија како симбол на нивното предание на Јехова. На серијата Обласни конгреси „Извршители на Божјата реч“ во текот на изминатава година во целиот свет беа присутни вкупно 9.454.055 лица, а се крстија 129.367. Колку само прекрасна причина за радост!

2 Уште од библиски времиња, собирите на Божјиот народ се извонреден начин за соопштување поуки од Јехова. Во времето на Езра и Неемија, народот слушал додека се читал Законот „од раното утро до пладне“ (Неем. 8:2, 3). Заради тоа што стекнал подобро разбирање на Законот во таа прилика, народот доживеал „голема радост“ (Неем. 8:8, 12, СП). И ние се радуваме заради тоа што конгресите даваат прекрасна прилика да добиеме добра поука и духовна храна од Јехова „во право време“ преку „верниот и разборит роб“ (Мат. 24:45). Бидејќи Исус рекол дека човек мора да живее од „секоја изјава која излегува од Јеховината уста“, конгресите се од пресудна важност за нашата духовна благосостојба (Мат. 4:4).

3 Се исплати да се вложи секаков напор за да се присуствува: Секој од нас треба да си постави лична цел да присуствува на целиот овогодишен Обласен конгрес „Учители на Божјата реч“. Треба да испланираме да пристигнеме рано секој ден и да останеме сѐ додека не се придружиме кога заеднички ќе се рече „Амин!“ на заклучната молитва. За да го постигнеме ова можеби ќе треба да направиме измени во нашиот распоред. Можеби нема да биде лесно да добиеме слободен ден од работа за да присуствуваме на конгресот. Треба да заземеме цврст став, да не препуштиме ништо на случајноста. Ако ни е потребно сместување и/или превоз, треба рано да направиме подготовки за тоа. Ќе се исплати секој напор што ќе го вложиме!

4 Јеховиниот народ не ги мери благословите од присуството на некој конгрес со денари или марки. Забележи ги примерите на некои кои биле одлучни да присуствуваат на Меѓународниот собир на Јеховините сведоци „Божествена волја“ во Њујорк Сити во 1958. Еден брат го затворил својот градежен бизнис две седмици за да може да помага како доброволец и да присуствува на собирот. Еден брат од Девствените острови продал 500 квадратни метри земја за да може да присуствува целото негово шестчлено семејство. Една млада двојка го продала својот моторен чамец за да можат да ги земат на собирот сите три деца, кои биле на возраст од два месеца до седум години. На тројца телесни браќа од Калифорнија им рекле дека, ако отсуствуваат од работното место, нема да го имаат кога ќе се вратат. Меѓутоа, ова не ги спречило да појдат на тој незаборавен собир.

5 Јехова ги наградува нашите сериозни напори: Јехова ги гледа и ги благословува напорите на својот народ (Евр. 6:10). Како пример, на собирот во 1950 „Пораст на теократијата“, присутните го чуле значајниот говор „Нови системи на работи“. Брат Фредерик Франц го побуди интересот кај сите присутни поставувајќи го прашањето: „Зарем овој меѓународен собир не се радува заради сознанието дека овде, вечерва, меѓу нас, има многу потенцијални кнезови на новата земја?“ По повеќе од 50 години, сѐ уште се радуваме на ова разјаснето разбирање на Псалм 45:16.

6 Откако присуствувал на минатогодишниот обласен конгрес, еден семеен поглавар кој изразил ценење го напишал следново: „Браќа, никогаш нема да знаете колку животоспасувачки беше овој конгрес. Моето семејство се пресели во градот заради работата, но дојде до тоа нашата духовност да се поколеба . . . Дозволивме нашите христијански обврски да бидат потиснати на страна. Дури и сосема престанавме да одиме на состаноците и да учествуваме во службата . . . Овој конгрес нѐ заживеа и повторно си поставуваме духовни цели и се организираме за да ги постигнеме“.

7 Јехова ни ја дава духовната храна што ни е потребна. На конгресите тој ни поставува богата трпеза. Нашето ценење за оваа подготовка треба да ни овозможи да го речеме она што го рекол Корнелиј кога кај него дошол апостол Петар: „Сега сите ние сме присутни пред Бог да чуеме сѐ што ти заповедал Јехова да кажеш“ (Дела 10:33). Да си поставиме за цел да бидеме „присутни пред Бог“ на секоја сесија на овогодишниот Обласен конгрес „Учители на Божјата реч“ и да се радуваме!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели