ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/00 стр. 3
  • Дали ги цениш светите работи?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали ги цениш светите работи?
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Сличен материјал
  • Обласни и меѓународни конгреси за 1998 — „Божји начин на живот“
    Нашата служба за Царството 1998
  • Обласни конгреси за 1999 — „Божјата пророчка реч“
    Нашата служба за Царството 1999
  • Обласен конгрес за 1994, „Божествен страв“
    Нашата служба за Царството 1994
  • Обласен конгрес за 1995, „Радосни фалители“
    Нашата служба за Царството 1995
Повеќе
Нашата служба за Царството 2000
km 5/00 стр. 3

Дали ги цениш светите работи?

1 Кога ќе нѐ прашаат дали ги цениме светите работи, веројатно веднаш ќе одговориме со „да“. Кои се некои од Божјите свети подготовки што ги цениме?

2 Колку многу го цениме личниот однос што можеме да го имаме со нашиот небесен Татко! Тој нѐ уверува дека, ако ‚му се приближиме, и Он ќе се приближи кон нас‘ (Јак. 4:8). Без откупната жртва на Исус Христос, ниеден човек не би можел да добие вечен живот (Јован 3:16). Од искрена благодарност, секојдневно го изразуваме во молитва нашето длабоко ценење за овој скапоцен подарок од Бог.

3 Божјата инспирирана реч, Светото писмо, како и Јеховината земна организација, се исто така свети за нас. Покажуваме должно ценење за овие подготовки од Јехова кога живееме во склад со библиските начела, ги зајакнуваме врските на братската љубов, внимателно се држиме за теократскиот ред и соработуваме со оние што преземаат водство (1. Пет. 1:22).

4 Преку верниот и разборит роб, добиваме изобилство духовна храна. Така ќе биде и оваа година со Обласниот конгрес „Извршители на Божјата реч“. Таму ќе добиеме животоважна поука и ќе уживаме во срдечно дружење кое ни е итно потребно. Како можеме да покажеме длабоко ценење за оваа света подготовка?

5 Не го занемарувај Јеховиниот дом: Неемија ги опоменал оние кои напорно работеле на повторната изградба на Ерусалим ‚да не го остават домот на нивниот Бог‘ (Неем. 10:39). Денес, Јеховиниот „дом“ е неговата подготовка за обожавање. Нашите обласни конгреси се дел од таа подготовка. За да не ја занемариме оваа подготовка, мора да бидеме присутни и грижливо да внимаваме, покажувајќи му на Јехова дека имаме длабоко ценење за неговите подготовки (Евр. 10:24, 25). Какви планови треба да направиме сега за да покажеме дека целосно го цениме тој свет настан?

6 Присуствувај сите три дена: Секој од нас треба да се погрижи да присуствува на конгресот сите три дена. Дали планираш да доаѓаш рано секој ден и да останеш до последната молитва во недела? Ако да, ќе добиеш богати благослови. Можеби нема секогаш да биде лесно да присуствуваш на конгрес. Можеби ќе треба да заземеш цврст став за да направиш преиначување во твоето световно вработување. Можеби нема секогаш да имаш погоден превоз. Но, не дозволувај овие фактори да те обесхрабрат од присуствувањето на конгресот.

7 Разгледај го овој одличен пример: Додека оделе на обласен конгрес минатата година, една група браќа во една африканска земја во која има граѓански немири неочекувано наишла на воена група. Браќата биле запрашани: „Кои сте вие и каде одите?“ Тие одговориле: „Ние сме Јеховини сведоци и одиме на обласниот конгрес“. Еден од војниците коментирал: „Вие, Јеховините сведоци, не се плашите од ништо. Само одете и ќе го одржите вашиот конгрес без никакви проблеми. Но, знајте дека ќе сретнете многу војници. Секогаш одете по средината на патот! Ако видите дека се собрале многу луѓе, продолжете да одите по средината на патот!“ Тие постапиле така и безбедно стигнале на конгресот. Овие браќа биле наградени затоа што покажале ценење за светите работи.

8 Како нашите браќа во Африка, и ние се соочуваме со предизвици. Но, несомнено, можеме да ја имитираме нивната вера и да бидеме одлучни да присуствуваме на сите сесии на нашиот обласен конгрес. Ако треба да направиш преиначувања, барај водство од Јехова и биди уверен дека тој ќе ги благослови нашите напори да присуствуваме на целата програма.

9 Жнеј ги благословите: Копнееме по Божјата реч, знаејќи дека преку неа можеме да дојдеме до спасение (1. Пет. 2:2). Присуството на обласниот конгрес и следењето на програмата, ќе ни помогнат на сите нас да изградиме појака вера во Речта и со тоа ќе бидеме поспособни да одолееме на нападите на Сатана. При тоа, ќе му покажеме на Јехова и на сите што нѐ набљудуваат дека потполно ги цениме светите работи и дека „не сме од оние што се повлекуваат за уништување . . .туку од оние кои имаат вера за сочувување на душата во живот“ (Евр. 10:39; 12:16, NW; Изр. 27:11).

10 Можеме со радост да очекуваме Јехова Бог да ги подигне небесните брани и да излее врз нас духовни благослови во изобилство (Мал. 3:10). Постави си за цел да присуствуваш на Обласниот конгрес „Извршители на Божјата реч“ уште од самиот почеток на програмата во петок претпладне до заклучната молитва и изговарањето „амин“ во недела попладне. Ќе бидеш радосен ако го направиш тоа!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели