Каква е целта?
1 Зошто водиме домашни библиски студии? Само за да пренесеме спознание, да го подобриме животот на луѓето или да им дадеме посветло гледиште за иднината? Не. Нашата главна цел е да правиме ученици на Исус Христос! (Мат. 28:19; Дела 14:21). Затоа оние со кои проучуваме треба да се поврзат со собранието. Нивниот духовен напредок е директно поврзан со нивното ценење за христијанската организација.
2 Како да се постигне тоа: Уште од самиот почеток, постојано поттикнувај го студентот да присуствува на христијанските состаноци (Евр. 10:24, 25). Објасни како тие ќе ја зајакнат неговата вера, ќе му помогнат да ја извршува Божјата волја и ќе му овозможат изградувачко дружење со другите што исто така сакаат да го фалат Јехова (Псал. 27:13; 32:8; 35:18). Твоите лични изрази на љубов и ценење за собранието и за состаноците ќе ја поттикнат неговата желба да присуствува.
3 Новите треба да сфатат дека Јеховината организација е едно меѓународно братство. Покажи им ја видеокасетата Јеховините сведоци — организацијата зад името. Помогни им да сфатат дека Јехова користи милиони оддадени лица во целиот свет за да ја исполни својата волја. Овие нови нека знаат дека и тие се повикани да му служат на Бог (Иса. 2:2, 3).
4 Причина за огромна радост е да се види како некој библиски студент станал вистински ученик на Исус. Тоа е нашата цел! (3. Јов. 4).