ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/01 стр. 1
  • „Каде да најдам време?“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Каде да најдам време?“
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • Да си откупуваме време за читање и за проучување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Дали духовно јадеш добро?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Како да го откупиме поволното време
    Нашата служба за Царството 1996
  • Гради го својот живот околу службата за Јехова
    Нашата служба за Царството 1998
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 11/01 стр. 1

„Каде да најдам време?“

1 Мнозина од нас се жалат на тоа, бидејќи животот ни е исполнет со активности. Се вели дека времето е наш најскапоцен и најкраткотраен посед. Затоа, каде можеме да најдеме време за работите што се навистина важни, како што се читањето и проучувањето на Божјата реч? (Фил. 1:10).

2 Клучот не е во тоа да бараме повеќе време туку да одлучиме што ќе правиме со времето што го имаме. Сите имаме по 168 часа седмично, а околу 100 од нив ги минуваме во спиење и во работа. Затоа, како можеме најдобро да ги искористиме преостанатите часови? Ефешаните 5:15—17 препорачува ‚да не одиме како немудри, туку како мудри, откупувајќи си го поволното време . . . согледувајќи која е Јеховината волја‘. Ова укажува на потребата целосно да ја искористиме секоја прилика да го правиме она што Јехова вели дека е неопходно.

3 Исус го споредил нашево време со времето на Ное (Лука 17:26, 27). Тогаш луѓето биле зафатени со секојдневните животни активности. Меѓутоа, Ное нашол време да изгради една огромна арка и да проповеда (Евр. 11:7; 2. Пет. 2:5). Како? Со тоа што ја ставил Божјата волја на прво место и му бил послушен на Бог правејќи сѐ „токму така“ (Бит. 6:22, NW).

4 Што треба да биде на прво место? Исус рекол: „Нема да живее човек само од леб туку и од секоја изјава што излегува од Јеховината уста“ (Мат. 4:4). Секоја седмица добиваме „порција [духовна] храна во право време“ (Лука 12:42). За да извлечеме вистинска корист потребно е да имаме распоред за редовно, лично читање и проучување за да можеме да го впиеме сето тоа. Од благодарност за духовната храна, не ја сметаме за брза храна, што ќе се изеде надве-натри како што некој можеби јаде набрзина. Наместо тоа, исправното ценење нѐ поттикнува да одвоиме време да проучуваме и да уживаме во духовните работи.

5 Земањето духовна храна може да води до вечен живот (Јован 17:3). Тоа заслужува првенствено место во нашиот секојдневен распоред. Можеме ли да најдеме време да оставиме простор за секојдневно читање на Библијата и подготовка за христијанските состаноци? Да, можеме. Тогаш ќе ја добиеме ‚големата награда‘ што доаѓа од сознанието дека ја извршуваме Божјата волја (Псал. 19:7—11).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели