Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 ноем.
„Сме го чуле изразот ‚Исус умрел за нас‘. [Цитирај Јован 3:16.] Дали некогаш сте се прашале како може смртта на еден човек да нѐ спаси сите нас? [Дозволи одговор.] Библијата дава едноставен одговор. Оваа статија, ‚Исус спасува — како?‘, убаво го објаснува тоа.“
Стражарска кула 1 дек.
„Во овој период од годината, многу луѓе се преокупирани со давање подароци и со други љубезни дела. Тоа нѐ потсетува на Златното правило. [Прочитај Матеј 7:12.] Дали мислите дека е возможно да се живее во склад со ова правило во текот на целата година? [Дозволи одговор.] Ова списание, ‚Златното правило — дали е сѐ уште практично?‘, навистина ќе Ве поттикне на размислување“
Разбудете се! 8 дек.
Веројатно Ве загрижуваат вестите што покажуваат дека минатите години во многу земји тинејџерите сѐ повеќе запаѓаат во депресија. Но, Ве молам забележете што вели Божјата реч за денешнава ситуација. [Прочитај 2. Тимотеј 3:1.] Овој стих го вклучува секого, и старите и младите. Како може да им се помогне на депримираните тинејџери? Одговорот на ова прашање ќе го најдете во ова списание.