ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/02 стр. 3
  • Посебна размена на охрабрување

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Посебна размена на охрабрување
  • Нашата служба за Царството 2002
  • Сличен материјал
  • Да се охрабруваме секојдневно еден со друг
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Дали ги цениш светите работи?
    Нашата служба за Царството 2000
  • „Собери го народот“
    Нашата служба за Царството 2014
  • Конгресите — време за радост!
    Нашата служба за Царството 2001
Повеќе
Нашата служба за Царството 2002
km 5/02 стр. 3

Посебна размена на охрабрување

1 Не минува ниту ден а Јеховиниот народ да не се соочи со испити на верата. Знаејќи дека има кратко време, Ѓаволот врши финален напад за да го скрши нашиот интегритет кон Јехова (Откр. 12:12). Неопходно е ‚и понатаму да стекнуваме моќ во Господ и во моќта на неговата сила‘ за да ‚можеме да се спротивставиме во зол ден и, откако темелно сме извршиле сѐ, цврсто да стоиме‘ (Ефеш. 6:10, 13).

2 Собирањето со соверниците е подготовка од Јехова за да ни помогне да добиеме сила. Апостол Павле го сфатил ова. Тој копнеел да биде во друштво на своите христијански браќа за да можат ‚да се охрабрат‘ и ‚да се зацврстат‘ (Рим. 1:11, 12). За да нѐ зајакне да ја извршуваме Божјата волја, Водечкото тело со љубов направило подготовка да ни даде прилика да извлечеме корист од размената на охрабрување на претстојниот Обласен конгрес „Ревносни објавители на Царството“.

3 Биди таму за да извлечеш корист: Постави си за цел да бидеш присутен сите три дена. За ‚наше добро‘ е да пристигнеме пред првата песна и да останеме сѐ до нашето искрено „амин“ на завршната молитва (Иса. 48:17, 18). Мнозина ќе треба доволно однапред да се погрижат да ги средат работите на работното место за да бидат слободни да присуствуваат сите три дена. Точно, можеби нема да биде лесно да постигнеш работодавачот да ти даде слободни денови, но Јехова нѐ уверува дека ќе ни помогне да ја извршуваме неговата волја (1. Јов. 5:14, 15). Ако сѐ уште не сме го направиле тоа, сега е време да направиме дефинитивни подготовки за превоз и сместување, не оставајќи ништо на случајноста. Можеме да бидеме уверени дека Јехова ќе ги благослови нашите напори да присуствуваме сите три дена (Посл. 10:22).

4 Очекувај дека ќе бидеш охрабрен: Дали некогаш си заминал од некој обласен конгрес велејќи: „Ова беше најдобриот конгрес досега!“ Зошто си помислил така? Затоа што, како несовршени луѓе, може постепено да се измориме и да се најдеме во ситуација кога ни е потребно духовно охрабрување (Иса. 40:30). Една сестра забележала: „Овој систем ме истоштува, а конгресите повторно го фокусираат моето духовно гледиште, давајќи ми го духовниот потстрек што ми е потребен. Изгледа дека охрабрувањето доаѓа токму тогаш кога најмногу ми треба“. Веројатно и ти си имал слични чувства.

5 Ние го добиваме потребното охрабрување не само преку говори и интервјуа туку и преку други богати обележја на нашите конгреси. Еден брат коментирал: „Јасната, практична примена на библиските начела е она што навистина го ценам. Се разбира, драмите се непроценливи бидејќи ни покажуваат како можеме да извлечеме корист и од добрите и од лошите примери од минатото. Новите изданија се нешто што јас секогаш со радост го очекувам и уживам во нив долго откако ќе се вратам дома“.

6 Конгресите се неопходна подготовка од Јехова во текот на овие ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘ (2. Тим. 3:1). Тие ни помагаат да го следиме инспирираниот совет: „Останете будни, стојте цврсто во верата, однесувајте се машки, бидете јаки“ (1. Кор. 16:13). Затоа, да бидеме одлучни да присуствуваме на секоја сесија и да уживаме богата размена на охрабрување на нашиот Обласен конгрес „Ревносни објавители на Царството“!

[Рамка на страница 3]

Планирај да присуствуваш сите три дена

■ Побарај слободни денови од работа.

■ Резервирај сместување во конгресниот град.

■ Најди си превоз до конгресот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели