Нова програма за покраинскиот собир
1 За да стоиме цврсти во верата во еден нестабилен свет, мораме да имаме доверба во Јехова. Што значи ова во пракса? Како довербата во Јехова влијае врз нашиот личен и семеен живот? Како ни помага да одолееме на влијанието од Сатановиот свет? Програмата за покраинскиот собир за 2003 службена година го дава одговорот на овие прашања. Темата на собирот е „Имај доверба во Јехова и прави добро“ (Псал. 37:3, NW).
2 Нашата доверба во Јехова не е резервирана само за посебни прилики или за време на очајна потреба. Таа продира во нашиот секојдневен живот. Ова е нагласено во воведниот говор, „Имај доверба во Јехова во секое време“ (Псал. 62:8, NW). Циклусот од четири дела „Да се покажува доверба во Јехова“ ќе ни покаже како да ги најдеме и да ги применуваме библиски темелените информации што можат да ни помогнат да изградиме успешен брак, да излеземе на крај со проблемите што се јавуваат во семејниот круг и да ги задоволиме нашите материјални потреби.
3 Светот на Сатана се обидува да ни наметне искривено гледиште за тоа што е добро а што погрешно и да направи збрка околу тоа што е важно а што не (Иса. 5:20). Говорите „Чувај се од ништожните работи во животот“ и „Одбегнувајте го злото — бидете добротворци“ ќе ја зајакнат нашата решеност да ги поддржуваме Јеховините возвишени мерила (Амос 5:14).
4 Кога Јехова ќе му стави крај на сегашниот злобен систем на работи, Божјите слуги ќе треба да имаат потполна доверба во него. Ова е истакнато во јавното предавање, „Близу е ослободувањето од светската неволја“. Потоа, ќе бидеме поканети лично да се преиспитаме во точката „Ќе бидеш ли достоен за Божјето Царство?“ Програмата завршува со поттикот „Имај доверба во Јеховините ветувања“.
5 Врвна точка на секој собир е говорот за крштавање. Сите што сакаат да се крстат треба да му кажат на претседавачкиот надгледник што е можно поскоро за да можат да се направат неопходните подготовки.
6 Во овие несигурни времиња, Јехова е единствениот вистински извор на доверба и стабилност (Псал. 118:8, 9). Нека сите ние ја зајакнеме нашата доверба во него со тоа што ќе бидеме присутни во текот на целата програма на покраинскиот собир.