Нова програма за покраинскиот собир
Знаеме дека Јехова е достоен за нашата љубов и за нашата исклучителна оддаденост. Меѓутоа, светот настојува да нѐ одвлече за да не задржиме близок однос со Бог (Јован 17:14). За да ја зголемиме нашата љубов кон Јехова и да бидеме зајакнати да одолееме на работите од светот што ја загрозуваат нашата духовност, новата програма за покраинскиот собир за 2001 службена година ќе биде со тема „Љуби го Бог — а не работите во светот“ (1. Јов. 2:15—17).
Длабоката љубов кон Јехова нѐ тера да даваме сведоштво за него. Сепак, на многу од Божјиот народ не им е лесно да ја извршуваат службата на теренот. Во делот „Љубовта кон Бог нѐ мотивира во нашата служба“, дознај на кој начин многумина ја совладале срамежливоста и другите пречки за да учествуваат целосно во ова дело.
Како влијае врз нас опаѓањето на мерилата во светот? Постапките кои некогаш се сметале за лоши, денес се нарекуваат нормално однесување. Говорот „Оние кои го љубат Јехова го мразат она што е лошо“ и циклусот „Работите во светот — како гледаме на нив?“ ќе ја поткрепат нашата одлучност да им речеме „не“ на неисправните желби.
Во програмата ќе биде вклучен и пример на Теократската школа за служба и Состанокот за служба, како и резиме на студијата на статијата од Стражарска кула за таа седмица. Јавното предавање, „Како љубовта и верата го победуваат светот“, ќе нѐ охрабри да го имитираме Исус во спротивставувањето на притисоците од светот (Јован 16:33). Погрижете се да ги поканите да присуствуваат вашите библиски студенти. Секој што сака да се крсти, треба да му каже на претседавачкиот надгледник колку што е можно побрзо за да можат да се направат потребните подготовки.
Овој покраински собир ќе го фокусира нашето внимание точно врз она на што треба да биде сосредоточена нашата љубов за да се радуваме на богатите благослови од Јехова. Не пропуштајте ниту еден дел од сето тоа!