Нова програма за Денот на специјален собир
1 Додека медиумите и световните воспитувачи го величаат материјалното богатство, Божјата реч нѐ поттикнува „Бидете богати во добри дела“ (1. Тимотеј 6:18). Тоа е темата на програмата за Денот на специјален собир кој почнува од септември 2002. Какво охрабрување ќе добиеме на овој собир?
2 Покраинскиот надгледник ќе дискутира што значи тоа „Биди богат од Божја гледна точка“ и ќе интервјуира неколкумина што се напрегаат да стекнат духовно богатство. Во својот прв говор тој ден, гостувачкиот говорник ќе покаже како Божјиот народ прави „Добри дела во ова време на жетва“. Сите ние ќе бидеме охрабрени да размислиме како можеме уште поцелосно да учествуваме во делото на жетва што се извршува денес, а кое го заповедал Бог.
3 Колку сме само горди кога гледаме како христијанските младинци се стремат кон духовно богатство! Тоа го велича Јехова и им помага на младинците да положат добар темел за идните предности во службата. Точката „Да ги пофалуваме младите за добрите дела во славењето на Јехова“ ќе ги истакне добрите дела што младите христијани ги прават локално.
4 Какви се резултатите од тоа што се стремиме кон добри дела? Гостувачкиот говорник ќе дискутира за ова во својот последен говор „Продолжи со добрите дела и пожнеј ги Јеховините благослови“. Тој ќе разгледа четири подрачја на кои жнееме богати благослови: 1) како поединци, 2) како семејства, 3) како собрание и 4) како светска организација.
5 Оние што му се предале на Јехова ќе имаат можност да се крстат. Ако си подготвен да го направиш тој чекор, веднаш извести го претседавачкиот надгледник.
6 Кога ќе биде објавен датумот за собирот во твојата област, веднаш направи конкретни планови да присуствуваш. Потруди се да пристигнеш доволно рано за да учествуваш во воведната песна и молитва. Тоа што ќе бидеме присутни и внимателни во текот на целата програма на Денот на специјален собир ќе нѐ зајакне да продолжиме да тежнееме по правец што нѐ прави навистина богати од гледна точка на нашиот Бог, Јехова.