Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 септ.
„Милиони луѓе веруваат дека ‚светците‘ имаат посебна моќ и дека е добро да се молат преку нив. Што мислите вие? [Дозволи одговор.] Забележете што рекол Исус Христос. [Прочитај Јован 14:6.] Ова ги тера некои луѓе да размислат во врска со молењето преку ‚светци‘. Ова издание на Стражарска кула дискутира за оваа важна тема.“
Стражарска кула 1 окт.
„Мнозина се прашуваат дали некогаш ќе им дојде крај на сите проблеми што ги гледаме околу нас — војни, криминал и теророристички акти. Што мислите вие? [Дозволи одговор.] Библијата го дава ова утешително уверување. [Прочитај Псалм 37:10, 11.] Ова списание објаснува зошто Бог сѐ уште не ставил крај на злото и на страдањето што тоа го предизвикува.“
Разбудете се! 8 окт.
„Дали мислите дека некогаш ќе биде можна вистинска слобода за сите луѓе на Земјата? [Дозволи одговор.] Забележете го ова прекрасно ветување од Бог. [Прочитај Римјаните 8:21.] За да се исполни ова ветување, ќе мора да заврши сето ропство, зарем не? Ова издание на Разбудете се! покажува како ќе дојде до тоа.“