ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/07 стр. 4
  • Како да ги понудиш списанијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да ги понудиш списанијата
  • Нашата служба за Царството 2007
  • Сличен материјал
  • Како да ги понудиш списанијата
    Нашата служба за Царството 2008
  • Како да ги понудиш списанијата
    Нашата служба за Царството 2006
  • Што да речеш за списанијата
    Нашата служба за Царството 2003
  • Што да речеш за списанијата
    Нашата служба за Царството 2002
Повеќе
Нашата служба за Царството 2007
km 9/07 стр. 4

Како да ги понудиш списанијата

Стражарска кула 15 септ.

„Што мислите за ова што го пишува овде? [Прочитај 5. Мојсеева 32:4.] Дали некогаш сте се прашале: ‚Ако Бог е семоќен и праведен, зошто во светот има толку многу страдање и зло?‘ [Почекај да одговори.] Во ова списание се објаснува зошто Бог сѐ уште не му ставил крај на злото.“

Разбудете се! Септ.

„Секој од нас сака да има добро здравје и да живее долго. Што мислите, дали ќе имаме подобро здравје ако размислуваме позитивно? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Изреки 17:22.] Оваа статија објаснува зошто е добро да се трудиме да бидеме оптимисти.“ Покажи ја статијата на 26. страница.

Стражарска кула 1 окт.

„Дали некогаш сте си помислиле: ‚Камо да постапев поинаку‘? [Почекај да одговори.] Ова што ќе Ви го прочитам ни покажува зошто понекогаш донесуваме одлуки поради кои подоцна се каеме. [Прочитај Еремија 10:23.] Ова списание објаснува кои совети од Библијата ќе ни помогнат да донесуваме добри одлуки.“

Разбудете се! Окт.

„Што мислите, дали денес децата се во поголема опасност од порано? [Почекај да одговори.] Многумина мислат дека живееме во времето што е опишано во овие стихови. [Прочитај 2. Тимотеј 3:1-5.] Во ова списание се дадени неколку практични предлози за тоа како родителите можат да ги заштитат своите деца од луѓе што сакаат сексуално да ги злоупотребат.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели