Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 15 сеп.
Спомни некоја актуелна тема од вестите што е важна за вашето подрачје. Потоа прашај: „Што мислите, дали овој стих од Библијата точно го опишува времето во кое живееме? [Прочитај 2. Тимотеј 3:1, и почекај да одговори.] Ова статија ги анализира доказите дека живееме во последните денови и покажува што треба да правиме“.
Разбудете се! Сеп.
„Мнозина веруваат дека сме создадени. Други, пак, веруваат дека сме настанале по пат на еволуција. Што мислите вие за тоа? [Почекај да одговори.] Забележете го овој предлог што ќе ни помогне да дојдеме до исправниот заклучок. [Прочитај Јов 12:7, 8.] Ова специјално издание на Разбудете се! кажува што можеме да научиме од мудроста и творбите што постојат во природата.“
Стражарска кула 1 окт.
„Биолозите се обидуваат да ги отстранат болестите и да го продолжат нашиот животен век. Што мислите, дали ќе биде можно да живееме вечно? [Почекај да одговори.] Забележете зошто копнееме да живееме подолго. [Прочитај Проповедник 3:11.] Ова списание објаснува зошто Бог нѐ создал со желба да живееме вечно.“
Разбудете се! Окт.
„Скоро секој сака да гледа телевизија. Но што мислите, дали треба да бидеме избирливи во тоа што го гледаме? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Изреки 13:20.] Ова списание зборува за тоа како влијае телевизијата врз нас, и дава предлози како да контролираме колку и што гледаме.“