Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 сеп.
„Денес некои се чувствуваат како да се фатени во стапица на брак без љубов. Каде можат луѓето што се во таква ситуација да се обратат за помош? [Дозволи одговор.] Библијата нѐ уверува дека Божјите начела можат да ни помогнат. [Прочитај Исаија 48:17, 18.] Ова издание на Стражарска кула ги разгледува библиските начела што можат да го зајакнат бракот.“
Стражарска кула 1 окт.
„Дали некогаш сте се прашувале: ‚Ако Бог е полн со љубов и семоќен, зошто не преземе нешто во корист на оние што страдаат?‘ [Дозволи одговор.] Наскоро тој ќе им стави крај на сите проблеми. [Прочитај Исаија 65:17.] Во меѓувреме, Бог не гледа само незаинтересирано додека ние страдаме, како што покажува и ова списание.“
Разбудете се! 8 окт.
„За многумина се вознемирувачки сѐ поголемиот број дела на бесчувствително насилство. [Наведи некој пример што е познат локално, и дозволи одговор.] Ова списание испитува некои од факторите што придонесуваат за насилен криминал. Исто така, објаснува како Бог ќе ги отстрани криминалот и насилството еднаш засекогаш.“ (Прочитај Псалм 37:10, 11.)