Извлекуваме целосна корист од обласниот конгрес „Ревносни објавители на Царството“
1 Освежувачка програма: Во каква само поттикнувачка програма уживавме на нашиот неодамнешен обласен конгрес! Бевме собрани со една заедничка цел, да станеме подобро оспособени за ревносно да го објавуваме Божјето Царство. Се сеќаваш ли како првиот говорник го опиша изразот „објавува“? Си спомнуваш ли какво истражување бевме охрабрени да направиме во говорот „Биди бестрашен затоа што знаеш дека Јехова е со нас“? Кои вистински животни приказни си ги испитал досега?
2 Циклусот „Квалитетот на нашата вера испитан со разни искушенија“ даде три главни причини зошто Јехова допушта прогонство. Можеш ли да објасниш кои се тие? Кој е библискиот темел за нашата христијанска неутралност? Што бевме охрабрени да правиме за да се подготвиме за предизвиците што ги носи нашата неутрална положба? На кој начин тоа што верно истрајуваме под искушенија му донесува фалба на Јехова?
3 Кои сцени од драмата „Стој цврсто во тешки времиња“ особено те зајакнаа? Како можеме да бидеме како Еремија?
4 Кои значајни промени што претстојат и водат до Божјиот ден што влева страв ги опиша јавното предавање „Се менува сцената на овој свет“? Додека го слушаше заклучниот говор „Изобилувајте во добри дела како ревносни објавители на Царството“, како ги поврза информациите со твојата лична служба?
5 Главни мисли што треба да ги примениме: Како што беше објаснето во говорот „Покажете се благодарни“, како можеме да ја изразиме длабочината на нашата благодарност кон Јехова? Во клучното предавање, „Објавителите на Царството распламтени со ревност“, чија ревност бевме охрабрени да ја имитираме? Какво самоиспитување бевме поттикнати да направиме?
6 Кои три барања што мораме да ги исполнуваме за да добиеме Јеховина наклоност ги нагласи циклусот „Пророштвото на Михеј нѐ зајакнува да одиме во Јеховино име“? Дали можат да се достигнат? (Мих. 6:8). Според говорот „Задржи чистота чувајќи го своето срце“, на кои начини мораме да се држиме морално чисти? На кои подрачја говорот „Чувај се од измама“ нѐ предупреди да не бидеме измамени и да не ги мамиме другите?
7 Кои практични точки од циклусот „Објавители на Царството што ја слават својата служба“ почна да ги применуваш во твојата служба? Во говорот „Духовниот разговор изградува“ беше анализиран стихот од Филипјаните 4:8. Како ни помогна тој стих да водиме духовни разговори, и кога треба да го правиме тоа?
8 Говорот „Имај целосна доверба во Јехова во време на неволја“ дискутираше за тоа како можеме да се справиме со трагични настани, финансиски тешкотии, лошо здравје, семејни проблеми и постојани слабости. Како можеме да покажеме доверба во Јехова кога се соочуваме со вакви ситуации?
9 Нови духовни богатства: Бевме восхитени што ја добивме новата книга Обожавај го единствениот вистински Бог. Како влијаеше на тебе известувањето што ја објасни нејзината цел? Зошто ќе биде корисна во нашето дело на правење ученици како втора книга за проучување?
10 Потоа ја добивме прекрасната книга Приближи му се на Јехова. Кои се некои нејзини истакнати карактеристики? Кои илустрации особено ти се допаѓаат? Дали тоа што ја читаше те приближи до Јехова? Кој друг можеби ќе може да извлече корист од неа?
11 Обласниот конгрес „Ревносни објавители на Царството“ ни го даде духовното охрабрување што ни е потребно за да излеземе на крај со овие тешки времиња. За да извлечеме целосна корист од оваа извонредна духовна подготовка, да дадеме сѐ од себе за да го запамтиме она што беше кажано, да го цениме она што го добивме и да го применуваме она што го научивме (2. Петр. 3:14). Тоа ќе нѐ зајакне да го задржиме својот интегритет и, имитирајќи го нашиот Господ Исус Христос, да бидеме ревносни објавители на Царството, и тоа сѐ за слава на Јехова (Фил. 1:9—11).