Како собраниските надгледници на студија на книга покажуваат личен интерес
1 Собраниската студија на книга е наменета да ‚овозможи да се посвети поголемо лично внимание на духовниот раст на секој поединец . . . Тука има одраз на Јеховината оддадена љубезност и на нежната грижа за неговиот народ‘ (om стр. 75; Иса. 40:11). Надгледникот на студијата на книга игра клучна улога во обрнувањето такво лично внимание.
2 На студијата на книга: Бидејќи групите за студија на книга намерно се прават мали, надгледникот на студија на книга може добро да ги запознае членовите на својата група (Посл. 27:23). Обично има прилики за дружење пред и по студијата секоја седмица. Во текот на еден месец, можеби ќе може да поразговара со речиси сите во групата. Ова им помага на членовите на групата да се чувствуваат слободни да му пријдат кога се соочуваат со испити или кога им треба охрабрување (Иса. 32:2).
3 Надгледникот на студија на книга се труди да ги охрабри сите во групата да учествуваат во текот на студијата. Еден начин на кој го прави тоа е така што ја води студијата на пријатен, љубезен начин (1. Сол. 2:7, 8). Тој бара начини сите да ги вклучи во дискусијата, вклучувајќи ги и помладите. Ако некои се срамат да коментираат, може да понуди помош приватно така што однапред ќе договори да прочитаат стих или да коментираат за одреден пасус. Или, пак, може да им покаже како да коментираат со сопствени зборови.
4 Ако помошникот на надгледникот на студија на книга е слуга помошник, надгледникот прави подготовка тој да ја води студијата еднаш на секои два месеца. Ова му овозможува на надгледникот да го набљудува помошникот и да му даде корисни предлози. Колку прекрасна подготовка за да им се помогне на браќата да ја подобрат својата уметност на поучување! (Тит 1:9).
5 Во службата на теренот: Една од основните одговорности на надгледникот на студија на книга е да предводи во евангелизирањето (Бро. 27:16, 17). Тој прави практични договори за групно сведочење и се труди да им помогне на сите во групата да најдат радост во нивната служба (Ефеш. 4:11, 12). За да го постигне ова, си поставува цел да работи во службата со секој член од групата. Исто така, соработува со надгледникот за служба за да организира да добијат помош од некој поискусен објавител оние што сакаат да подобрат некој аспект од својата служба.
6 Како пастир полн со љубов: Надгледникот на студија на книга е заинтересиран за оние што поради нивните околности можат да имаат само мал удел во делото на проповедање. Тој се грижи оние што се доста ограничени поради поодмината старост или затоа што се хендикепирани и оние што се привремено ограничени поради сериозна болест или повреда да бидат свесни за подготовката што им дозволува да известат служба на теренот од 15-минутни периоди, ако не можат да известат цел час во текот на еден месец. (Службениот одбор на собранието одлучува кој се квалификува за оваа подготовка.) Исто така, се интересира и за оние што се доделени во групата а кои можеби се неактивни, трудејќи се да им помогне повторно да почнат со својата активност во собранието (Лука 15:4—7).
7 Колку сме благодарни за љубезниот интерес што го покажуваат надгледниците на студија на книга! Личното внимание што го покажуваат помага ‚сите ние да дојдеме до единство во верата . . . до мерата на растот која ѝ припаѓа на Христовата полнота‘ (Ефеш. 4:13).