Помагај му на твојот собраниски надгледник на студија на книга
1 Секој од нас извлекува многу користи од собраниската студија на книга. Минатиот месец дискутиравме за тоа како собранискиот надгледник на студија на книга ја извршува својата улога. Но, што можеме да направиме за да му помогнеме, и на тој начин да извлечеме корист и ние и другите?
2 Присуствувај секоја седмица: Твоето присуство е важно зашто групите за студија на книга се мали. Постави си цел да присуствуваш секоја седмица. Можеш да помогнеш и така што ќе пристигнеш навреме, зашто тоа му овозможува на надгледникот да го започне состанокот на уреден начин (1. Кор. 14:40).
3 Изградувачки коментари: Друг начин на кој можеш да помогнеш е со тоа што ќе бидеш добро подготвен и ќе даваш изградувачки коментари. Обично, најдобри се коментарите кои се сосредоточуваат само на една мисла, што, исто така, ги охрабрува и другите да коментираат. Избегнувај со коментарот да опфатиш сѐ што има во пасусот. Ако некоја мисла од материјалот те допира до срце, збогати ја дискусијата со тоа што ќе ја споделиш со коментар со другите (1. Петр. 4:10).
4 Ако имаш предност да ги читаш пасусите во корист на групата, биди марлив во исполнувањето на таа задача. Доброто читање придонесува за успехот на студијата (1. Тим. 4:13).
5 Групно сведочење: Состаноците за служба на теренот се одржуваат на многу локации за студија на книга, и твојата поддршка на овие подготовки му помага на надгледникот додека го презема водството во делото на евангелизирање. Гледај на овие подготовки како на прилики да им се приближиш на твоите браќа и да ги охрабриш.
6 Извештаи за служба на теренот: Уште еден начин да му помогнеш на надгледникот е на крајот на секој месец навреме да му го предадеш својот извештај за службата на теренот. Извештајот можеш да му го предадеш или лично нему или да го ставиш во кутијата наменета за извештаите за служба во Салата на Царството. Секретарот може да ја користи таа кутија за да ги собере извештаите за служба на теренот што ги собрале надгледниците на студија на книга.
7 Твојата соработка со собранискиот надгледник на студија на книга нема да помине незабележано. Пред сѐ, можеш да бидеш сигурен дека Јехова ќе ‚биде со духот што го покажуваш‘ (Фил. 4:23).