ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/03 стр. 1
  • Јехова е достоен за секоја пофалба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова е достоен за секоја пофалба
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Сличен материјал
  • „Правете го ова за мој спомен!“ Исусовата смрт ќе се одбележи на 2 април
    Нашата служба за Царството 2007
  • Особини кои нѐ поттикнуваат редовно да присуствуваме на состаноците
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Помогни им на другите да извлечат корист од откупнината
    Нашата служба за Царството 2006
  • Бидете ревносни за она што е добро!
    Нашата служба за Царството 2003
Повеќе
Нашата служба за Царството 2003
km 3/03 стр. 1

Јехова е достоен за секоја пофалба

Господовата вечера ќе биде одбележана на 16 април

1 Исчекувањата се зголемуваат додека се наближуваме кон 16 април 2003. Таа вечер ќе ја комеморираме смртта на Исус, придружувајќи им се на милиони сообожаватели низ целиот свет во славењето на Јеховиното име. Јехова ја заслужува секоја наша пофалба за прекрасната подготовка на откупнината. Преку неа, тој ќе му подари прекрасни благослови на целото послушно човештво. Со сето срце му се придружуваме на псалмистот во извикот: „Господ [Јехова, NW] е велик и достоен за секоја пофалба“ (Псал. 145:3).

2 Ова е време да медитираме за Божјата добрина и за благодарноста што му ја должиме на Јехова затоа што го испратил својот „единороден Син во светот за да можеме да добиеме живот преку него“ (1. Јов. 4:9, 10). Тоа што послушно ја одбележуваме Господовата вечера врежува во нашите срца дека „Јехова е милостив и милосрден . . . и голем во оддадена љубезност“ (Псал. 145:8, NW). Навистина откупнината е најголемиот израз на Јеховината љубов кон целото човештво (Јован 3:16). Кога размислуваме за Божјата љубов и кога го имаме на ум верниот правец на интегритет на Исус, поттикнати сме да го фалиме Јехова. Низ целата вечност, ќе го фалиме за неговата неизмерна љубов што ја изразил со тоа што го направил вечниот живот возможен за нас (Псал. 145:1, 2).

3 Помогни им на другите да го фалат Јехова: Благодарноста за Божјиот ненадминлив дар на откупнината нѐ поттикнува да ги поканиме другите да ни се придружат во фалењето на Јехова. Псалмистот бил инспириран да напише: „Го разгласуваат споменот за Твојата голема благост, и ја опеваат Твојата правда“ (Псал. 145:7). Само минатата година, Јеховините сведоци низ целиот свет посветија повеќе од милијарда часови во делото на проповедање. Што произлезе од нивните напори? Секоја седмица, повеќе од 5.100 поединци во просек беа крстени како симбол на нивното предание на Јехова. Со вкупно 15.597.746 присутни на Меморијалот, во кои се вклучени 9 милиони што сѐ уште не почнале да го фалат Јехова како објавители на добрата вест, има голем потенцијал за понатамошен пораст! Како објавители на Царството, длабоко ја цениме оваа наша посебна предност да ја објавуваме добрата вест и да ги насочуваме срцата на другите кон Јехова, кон неговиот Син и кон Царството.

4 Еден убав начин да ги охрабриш другите да му оддаваат чест на Јехова е така што ќе ги поканиш да ни се придружат во одбележувањето на Господовата вечера. Си направил ли список на сите оние што сакаш да ги поканиш, како и на другите што можеби ќе треба да ги потсетиш за денот и часот? Си им дал ли покани на сите што се на твојот список? Ако не, тогаш марливо стори го тоа во времето што преостанува. Помогни им да ја сфатат целта на таа прослава. На одбележувањето, биди спремен да ги поздравиш посетителите. Направи да се чувствуваат добредојдени, запознај ги со другите и пофали ги што се тука.

5 Присуството на Меморијалот може да ги поттикне новите духовно да напредуваат. Еден библиски студент што страда од посттрауматски стрес, поради што му е тешко да излегува во јавност, дошол на Меморијалот. Кога го прашале што мисли за состанокот, рекол: „Тоа беше најсветата ноќ, а јас бев таму“. Оттогаш почнал да присуствува на состаноците.

6 По Меморијалот: Што може да се направи за да им се помогне на заинтересираните лица да станат фалители на Јехова? Старешините ќе обрнат внимание на новите што присуствуваат на Меморијалот и ќе направат подготовки квалификувани објавители да ги посетат што е можно побрзо за да ги разгледаат освежувачките работи што ги научиле и што ги забележале. Некои можеби ќе сакаат да имаат домашна библиска студија. Исто така, треба да бидат поканети да присуствуваат на сите седмични собраниски состаноци, зашто редовното присуство може да го зголеми нивното библиско спознание.

7 Се прават подготовки да се охрабрат сите нередовни и неактивни редовно да присуствуваат на состаноците. Ако старешините те замолат да му помогнеш на некој што станал неактивен повторно да почне да учествува во службата на теренот, биди спремен да се оѕвиеш. Покажувањето таква љубезна грижа за нашите браќа е во склад со поттикот на апостол Павле: „Сѐ додека имаме погодно време за тоа, да им правиме добро на сите, а особено на оние кои ни се сродни по верата“ (Гал. 6:10).

8 Нека секој од нас вложи посебен напор да присуствува на Меморијалот на 16 април. Не би сакале да ја пропуштиме оваа најсвета прилика да го фалиме Јехова. Да, сега и засекогаш, да го фалиме Јехова за неговите големи дела! (Псал. 145:21).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели