ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/03 стр. 3
  • Се собираме за да го славиме Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се собираме за да го славиме Јехова
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Сличен материјал
  • Фали го Јехова во големото собрание
    Нашата служба за Царството 2005
  • Обласни конгреси за 1999 — „Божјата пророчка реч“
    Нашата служба за Царството 1999
  • Време за духовна гозба и радост
    Нашата служба за Царството 2008
  • „Заедно да го возвишиме Неговото име“
    Нашата служба за Царството 2004
Повеќе
Нашата служба за Царството 2003
km 4/03 стр. 3

Се собираме за да го славиме Јехова

1. Која е темата на конгресот, и зошто е Јехова достоен да го славиме?

1 Јехова е семоќен во моќта, неиспитлив во мудроста, совршен во правдата и олицетворение на љубовта. Како Творец, Животодавец и универзален Суверен, само тој е достоен да го обожаваме (Псал. 36:9; Откр. 4:11; 15:3, 4). Обласниот конгрес „Оддајте му слава на Бог“ ова лето ќе ја зајакне нашата решеност да го славиме него како единствен вистински Бог (Псал. 86:8—10).

2, 3. Како доброто планирање ќе ни даде прилика да извлечеме целосна корист?

2 Потребно е добро планирање: За да извлечеме потполна корист од духовната гозба што Јехова ја подготвил неопходно е да се планира однапред (Ефеш. 5:15, 16). Ги заврши ли своите подготовки за сместување, превоз и слободни денови од работа или од училиште? Не ги оставај овие важни работи за последната минута. Ако одложуваш да прашаш за слободни денови, може да испуштиш дел од оваа радосна прилика. Сите треба да бидеме присутни на секоја сесија.

3 Постави си цел секој ден да пристигнеш рано на конгресната локација. Тоа ќе ти даде прилика да се сместиш на своето место пред уводната песна и ќе ти помогне да имаш исправен мисловен став за да ги примиш упатствата што ќе бидат изнесени. Вратите ќе бидат отворени во 8.00 часот секој ден. Те молиме не чувај место за други освен за оние од твоето најблиско семејство или за оние што патуваат во автомобилот со тебе.

4. Зошто сите сме замолени да си донесеме ручек на конгресот?

4 Се молат сите да си донесат ручек наместо да ја напуштат конгресната локација за да купат храна за време на пладневната пауза. Твојата соработка со оваа подготовка придонесува за мирна атмосфера и ти остава повеќе време да се дружиш со соверниците (Псал. 133:1—3). Те молиме имај на ум дека во конгресните простории не се дозволени стаклени садови и алкохолни пијалаци.

5. Како можеме да почнеме да го подготвуваме своето срце за конгресот?

5 Слушај и учи: Езра во молитва го подготвил своето срце за да ја прими речта од Бог (Езра 7:10, NW). Тој го обратил своето срце кон Јеховините учења (Посл. 2:2). Ние можеме да почнеме да го подготвуваме своето срце за конгресот уште пред да заминеме од дома така што ќе медитираме за темата на конгресот и ќе дискутираме за неа со нашето семејство.

6. Што може да ни помогне да останеме сосредоточени на програмата? (Види ја рамката.)

6 Во еден голем аудиториум може да има многу глетки и звуци што ќе ни го одвлечат вниманието. Таквите пречки можат лесно да ни го свртат умот од говорникот. Кога тоа се случува, се губат скапоцени информации. Предлозите што се наоѓаат во придружната рамка можат да ни помогнат да ја подобриме нашата концентрација.

7, 8. Како можеме да покажеме обѕир кон другите?

7 Покажи обѕир кон другите: Фотоапаратите и видеокамерите можат да се користат за време на програмата, но за да избегнеш да им пречиш на другите, прави го тоа само од своето седиште. Мобилните телефони и пејџерите мораат да бидат наместени така што нема да ги вознемируваат другите. Никаква лична опрема не треба да се приклучи на електричната или разгласната мрежа на конгресната локација.

8 Со какво само нетрпение очекуваме да се собереме за да го славиме Јехова! Да бидеме решени да го славиме со тоа што ќе присуствуваме на секоја сесија, ќе слушаме внимателно и ќе го примениме она што го учиме (Втор. 31:12).

[Рамка на страница 3]

Слушање на конгресите

▪ Длабоко размисли за насловите на говорите

▪ Барај ги стиховите

▪ Води кратки забелешки

▪ Издвој мисли што ќе ги примениш

▪ Повтори го она што го учиш

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели