„Заедно да го возвишиме Неговото име“
1. Која прилика ќе ја имаме за да го возвишуваме Божјето име заедно, и какви подготовки можеме да направиме уште сега?
1 „Величајте го Господа со мене, заедно да го возвишиме Неговото име“, пеел псалмистот (Псал. 34:3). Нашиот претстоен Обласен конгрес „Одете со Бог“ ќе ни даде прилика да го возвишуваме Јеховиното име заедно со нашите браќа и сестри од многу собранија. Имаш ли направено подготовки за сместување, превоз и за слободни денови од световната работа? Мудро е доволно однапред да се погрижиме за овие работи (Посл. 21:5).
2. Зошто е корисно да планираме рано да пристигнеме на конгресната локација?
2 Пристигнување на конгресната локација: Има многу работи за кои треба да се погрижиме кога сме на конгрес. Тоа што рано ќе тргнеме ќе ни помогне да се справиме со неочекувани одложувања и ќе ни овозможи да се сместиме на нашите места за седење навреме за да учествуваме со сето срце во уводната песна и молитва (Псал. 69:30). Неколку минути пред да почне сесијата, претседавачот ќе седне на подиумот додека е пуштена уводна музика за Царството. За тоа време, сите треба да си ги заземеме местата за да може програмата да почне на достоинствен начин (1. Кор. 14:33, 40).
3. Како можеме да покажеме обѕир кон другите кога бараме место за седење?
3 Божјата реч нѐ советува ‚сите наши работи да се случуваат со љубов‘ (1. Кор. 16:14). Кога ќе се отворат вратите во 8.00 часот, обѕирноста кон другите нема да ни дозволи да трчаме, да брзаме, да се туркаме обидувајќи се да стигнеме пред другите до местата што ги сакаме. Место може да се чува само за оние што патуваат со тебе во ист автомобил или за оние што живеат со тебе во ист дом (1. Кор. 13:5; Фил. 2:4).
4. Кои се подготовките за пладневната пауза, и зошто е тоа корисно?
4 Ве молиме, подобро донесете си ручек отколку да ја напуштате конгресната локација за да купите јадење во текот на пладневната пауза. Тоа ќе ни овозможи на сите да уживаме во изградувачко дружење и да бидеме присутни уште од самиот почеток на попладневната сесија. Ако е неопходно, може да се користи мал сад за разладување што може да се стави под седиштето. Големи пикник ладилници, стаклени садови и алкохолни пијалаци не се дозволени во конгресниот објект.
5. Како можеме да ги подготвиме нашите срца за упатствата што ќе ги примиме?
5 Нѐ очекува духовна гозба: Цар Јосафат бил човек кој ‚го насочил [подготвил, NW] своето срце да го бара Господа‘ (2. Лет. 19:3). Како можеме да го подготвиме своето срце пред конгресот? Статиите на последната страница од изданијата на Разбудете се! од 8 јуни и 8 јули даваат преглед на духовната гозба што ќе биде послужена. Зошто не одвоиш време да размислиш за тие статии, создавајќи очекување за она што Јехова го подготвил за нас? Да го подготвиме нашето срце вклучува и да го молиме Јехова да ни помогне да ја сфатиме смислата на упатствата што ќе ги добиеме и да ги примениме (Псал. 25:4, 5).
6. Што е наша желба, и зошто?
6 Сите копнееме да научиме повеќе од Божјата реч, бидејќи сфаќаме дека преку неа можеме да пораснеме до спасение (1. Петр. 2:2). Затоа, да бидеме присутни на нашиот Обласен конгрес „Одете со Бог“ и ‚заедно да го возвишиме Јеховиното име‘ (Псал. 34:3).
[Рамка на страница 3]
Начини да го возвишиме Божјето име
◼ Да планираме однапред
◼ Да покажеме љубов кон другите
◼ Да го подготвиме срцето