Проповедање во свет што постојано се менува
1 Колку брзо може да се сменат работите! Прекуноќ некоја природна несреќа, економска криза, политички пресврт или некоја трагедија со голем публицитет може да стане тема на разговор. Меѓутоа, исто толку брзо луѓето можат да го свртат своето внимание и на нешто друго (Дела 17:21; 1. Кор. 7:31). Во овој свет што постојано се менува, како можеме да го привлечеме вниманието на луѓето за да ја споделиме со нив пораката за Царството?
2 Препознај ги грижите на другите: Еден начин да го привлечеме вниманието на луѓето е со тоа што ќе се осврнеме на тековни настани. Поттикнувајќи ги своите слушатели сериозно да размислат за својата положба пред Бог, Исус во една прилика спомнал некои неодамнешни трагедии што им биле во мислите (Лука 13:1—5). На сличен начин, кога ја презентираме добрата вест, добро ќе биде да се надоврземе на некоја тековна новост од вестите или некое локално прашање што ги засега животите на оние што се на твоето подрачје. Меѓутоа, кога дискутираме за такви работи, мораме да бидеме претпазливи да не заземаме страни во политички или социјални прашања (Јован 17:16).
3 Како можеме да знаеме за што моментално размислуваат луѓето? Можеби најдобар начин е да поставиме прашање и потоа да слушаме (Мат. 12:34). Нашиот интерес за луѓето ќе нѐ поттикне да обрнеме внимание на гледиштето на другите и тактично повеќе да се распрашаме. Некоја спонтана забелешка од станарот може да открие нешто што загрижува многумина во околината и може да отвори пат за да дадеме сведоштво.
4 Подготвување презентација: Кога се подготвуваме за служба на теренот во овој свет што постојано се менува, можеме да ја користиме книгата Расправљање. Корисни предлози за тоа како да вклучиме тековни настани во својата презентација се наведени на 12. и 14. страница под „Криминал/Сигурност“ и „Светски настани“. Слични информации можат да се најдат во Наша служба за Царството од септември 2000, на 4. страница. Кога ја подготвуваш својата презентација, гледај да вклучиш некој стих што одговара.
5 Како што забележуваме дека грижите на луѓето од нашето подрачје постојано се менуваат, треба и нашата презентација за добрата вест да ја прилагодиме да одговара на нив. На тој начин, разговараме со луѓето за она што им лежи на срце. Така, им помагаме на уште многу други да го запознаат Оној чиишто особини и мерила не се менуваат (Јак. 1:17).