Бидете марливи во ‚давањето темелно сведоштво‘
1, 2. Што те воодушевува во тоа како Павле гледал на проповедањето на добрата вест, и како можеме да го имитираме неговиот пример во ‚давањето темелно сведоштво‘?
1 Како Исус и многу други верни слуги од старо време, апостол Павле бил ревносен објавител на добрата вест, „давајќи темелно сведоштво“ сеедно каква била ситуацијата. Дури и кога бил во домашен притвор, тој ‚љубезно ги примал сите кои доаѓале кај него, проповедајќи им го Божјето царство и поучувајќи ги за она што се однесува на Господ Исус Христос со најголема слобода на говорот‘ (Дела 28:16—31).
2 И ние можеме да бидеме марливи во ‚давањето темелно сведоштво‘ во секое време. Тоа вклучува да им сведочиме на луѓето што ги среќаваме додека патуваме до и од обласниот конгрес „Оддајте му слава на Бог“ и додека сме во градот домаќин (Дела 28:23; Псал. 145:10—13).
3. Како можеме да избегнеме нашето неформално сведочење да стане само случаен обид?
3 Што е неформално сведочење? Неформалното сведочење не е нешто што се случува чисто по некоја случајност или ненамерно, како да не било планирано или како нешто што не е многу важно. Ова сигурно не ја опишува нашата служба. Како што било случај со Павле, оддавањето слава на Бог со нашето сведочење е важно за нас и нашата намера треба да биде да дадеме сведоштво секогаш кога тоа е на место додека патуваме ова лето. Меѓутоа, начинот на кој им пристапуваме на другите со право може да се опише како неформален — т.е. опуштен, пријателски, природен. Овој пристап може да донесе добри резултати.
4. Што му овозможило на Павле да сведочи од местото каде што бил сместен?
4 Подготви се да дадеш сведоштво: Павле морал да си направи прилики да сведочи додека бил во домашен притвор во Рим. Од местото каде што бил сместен презел иницијатива да ги покани локалните еврејски водачи во својата куќа (Дела 28:17). Иако во Рим имало христијанско собрание, Павле дознал дека еврејската заедница во тој град имала малку информации од прва рака во врска со христијанската вера (Дела 28:22; Рим. 1:7). Тој не се воздржувал да ‚даде темелно сведоштво‘ за Исус Христос и за Божјето Царство.
5, 6. Кои прилики може да ги имаме за неформално сведочење, и кои подготовки можеме да ги направиме за да го сториме тоа делотворно?
5 Размисли за сите луѓе со кои што можеби ќе дојдеш во контакт додека патуваш и кои имаат сосем мало спознание за Јеховините сведоци. Тие можеби не ни знаат дека нудиме бесплатни домашни библиски студии. Биди буден за приликите да им сведочиш на оние што ги среќаваш додека патуваш, кога застануваш по пат, полниш гориво, пазаруваш, преноќеваш во хотели, јадеш во ресторани, користиш јавен превоз итн. Испланирај однапред што би можел да кажеш за да започнеш разговор и да дадеш кратко сведоштво. Можеби во наредните денови ќе можеш да вежбаш сведочејќи им неформално на твоите соседи, роднини, колеги и други познаници.
6 Ќе ти треба резерва од публикации што ќе ги користиш кога сведочиш неформално. Кои? Можеш да го користиш трактатот Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата? Нагласи ги првите пет пасуси, каде што се дадени различни причини зошто да се чита Библијата. Покажи го купонот назад со кој може да се побара бесплатна домашна библиска студија. Кога ќе најдеш некое приемливо лице, понуди ја брошурата Бара. Претпоставувајќи дека ќе сретнеш луѓе што зборуваат друг јазик, понеси ја и брошурката Добра вест за сите нации. На 2. страница е објаснето како да ја користиш за да дадеш сведоштво. Ако патуваш со автомобил, можеби ќе можеш да понесеш и неколку други основни публикации за оние што ќе покажат вистински интерес за пораката за Царството.
7, 8. На што треба да обрнеме внимание во врска со нашиот изглед и однесување додека патуваме и во текот на слободното време?
7 Обрни внимание на твојот изглед и однесување: Мораме да се погрижиме нашето однесување како и нашето облекување и дотерување да не им остават погрешен впечаток на другите или да ги натераат да ‚зборуваат против‘ Јеховината организација (Дела 28:22). Ова не важи само додека присуствуваме на конгресот туку и додека патуваме и во текот на слободното време. Стражарска кула од 1 август 2002, на 18. страница, 14. пасус, предупреди: „Не треба да изгледаме нападно, чудно, провокативно, разголено или премногу помодно. Освен тоа, треба да се облекуваме на начин што одразува ‚длабока почит кон Бог‘. Ова е нешто за што треба да се размисли, зарем не? Не се работи само за тоа да се облекуваме пригодно кога одиме на собраниски состаноци, а во другите прилики воопшто да не водиме сметка. Нашиот личен изглед треба секогаш да одразува побожен став полн со почит бидејќи ние сме христијани и министри 24 часа на ден“ (1. Тим. 2:9, 10).
8 Треба да се облекуваме скромно и достоинствено. Ако нашиот изглед и однесување секогаш ја одразуваат нашата вера во Бог, никогаш нема да се чувствуваме обврзани да се воздржуваме неформално да сведочиме затоа што нашиот личен изглед не е прикладен (1. Петр. 3:15).
9. Каков успех во сведочењето имал Павле во Рим?
9 Неформалното сведочење донесува плод: За време на двете години што ги поминал во домашен притвор, Павле видел добри резултати од неговите напори во сведочењето. Лука известил дека ‚некои почнале да веруваат во она што било речено‘ (Дела 28:24). Самиот Павле ја проценил делотворноста на своето ‚давање темелно сведоштво‘ кога напишал: „Моите работи се покажаа за напредок на добрата вест, а не за нешто друго така што моите окови станаа јавно познати во врска со Христос меѓу целата Преторијанска гарда и меѓу сите останати; и повеќето браќа во Господ, чувствувајќи доверба поради моите затворски окови, покажуваат сѐ поголема храброст бестрашно да ја зборуваат речта Божја“ (Фил. 1:12—14).
10. Каков успех во сведочењето имала една брачна двојка минатото лето?
10 Минатото лето, откако поминале еден ден на обласниот конгрес, една брачна двојка имале искуство што дало плод кога неформално ѝ посведочиле на келнерката што ги прашала за нивните конгресни значки. Тие ѝ кажале за конгресот и за надежта што Библијата ја дава за иднината на човештвото. Ѝ го дале трактатот Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата? и ѝ ја објасниле подготовката за бесплатна домашна библиска студија. Жената рекла дека би сакала некој да ја посети, ги напишала името и адресата назад на трактатот и ги замолила да се договорат кога да ја посетат. Каков успех би можел да имаш ти оваа година со тоа што ќе бидеш ревносен во ‚давањето темелно сведоштво‘?
11. Кои особини треба да ги негуваме за да ја унапредуваме добрата вест ова лето со тоа што ќе ‚даваме темелно сведоштво‘?
11 Темелно унапредувај ја добрата вест: Замисли си колку само бил среќен Павле кога слушнал дека сохристијаните го имитирале неговиот ревносен пример! Да правиме сѐ што можеме за да ја унапредуваме добрата вест сведочејќи неформално за нашите библиски темелени верувања додека извлекуваме корист од обласниот конгрес ова лето.
[Рамка на страница 3]
Публикации што се потребни за неформално сведочење
■ Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата? (трактат)
■ Што бара Бог од нас? (брошура)
■ Добра вест за сите нации (џебна брошурка)
■ Други основни публикации
[Рамка на страница 4]
Не заборавај на нив!
На кого? Сите заинтересирани лица што присуствувале на Меморијалот на Христовата смрт или на специјалното предавање. Сме ги поканиле ли да присуствуваат на овогодишниот обласен конгрес? Веројатно многумина од нив, ако се љубезно охрабрени, би присуствувале. Додека уживаат во изградувачкото дружење на конгресот и во охрабрувачката духовна програма, ќе бидат привлечени кон Јехова и кон неговата организација. Зошто не ги поканиш и видиш што ќе се случи? Кажи им ги сите потребни детали, вклучувајќи ги и датумите на конгресот, како да стигнат до конгресната локација, времето кога почнуваат и кога завршуваат сесиите и преглед на програмата што е наведена на последната страница во изданието на Разбудете се! од 8 јули 2003.