Проучување на книгата Обожавај го Бог
Обожавај го единствениот вистински Бог е наменета за да се проучува со новите лица откако ќе завршат со проучување на книгата Спознание. Тоа што ќе ја разгледуваме оваа публикација на нашата собраниска студија на книга ќе нѐ опреми да ја користиме оваа алатка во службата и ќе ни помогне да ја продлабочиме нашата љубов и ценење кон Јехова и неговата организација. Како можеме да извлечеме потполна корист од проучувањето на книгата Обожавај го Бог?
Водење на студијата: Бидејќи секоја седмица ќе разгледуваме по едно цело поглавје, надгледниците на студија на книга ќе треба мудро да го распоредат времето. Тие ќе сакаат студијата да продолжи без долга дискусија во текот на воведните пасуси за да дозволат повеќе време за поважниот материјал, кој обично се наоѓа понатаму во поглавјето. Една кратка дискусија во врска со рамката за повторување на крајот на секоја студија ќе им помогне на присутните да ги запамтат клучните мисли.
Во повеќе од половината поглавја од книгата Обожавај го Бог има прашања за медитирање и дискусија, кои се вовлечени малку повнатре откај левата маргина. Пример за тоа може да се најде на страници 48 и 49. Таквите прашања не мора да се читаат заедно со пасусите. Кога ги разгледува со групата, доколку дозволува времето, надгледникот треба да се погрижи да се прочитаат и да се дискутираат наведените стихови.
Подготовка однапред: Добрата подготовка за студијата вклучува повеќе отколку само да се потцртаат одговорите. Молитвената медитација за наведените стихови ќе нѐ оспособи да ги подготвиме не само нашите коментари туку, што е уште поважно, нашите срца (Езра 7:10). Сите ние можеме да придонесеме за размена на охрабрување со тоа што скромно ќе коментираме (Рим. 1:11, 12).
Проучувањето на книгата Обожавај го Бог ќе ни помогне да му се приближиме на Јехова и ќе нѐ опреми да им помагаме на искрените лица да ни се придружат и да го обожаваат заедно со нас (Псал. 95:6; Јак. 4:8). Нека секој од нас извлече потполна корист од оваа одлична духовна подготовка.