Рубрика прашања
◼ Дали треба да се извести семејна библиска студија во собранието?
Ако христијански родител води семејна библиска студија и во неа се вклучени некрстени деца, родителот може да извести максимум еден час седмично, една повторна посета седмично и една домашна библиска студија месечно. Ова е случај дури и ако студијата трае повеќе од еден час, ако се води повеќе од еднаш седмично или ако се води со секое дете посебно. (Види ја книгата Наша служба, 104. страница.)
Ако сите во домаќинството се крстени Сведоци, тогаш ниту времето ниту студијата не се известуваат како служба на теренот (освен ако детето сѐ уште ја проучува втората книга по крштавањето). Ова е случај зашто собранискиот извештај за служба на теренот го одразува првенствено она што се постигнува во проповедањето на добрата вест и во поучувањето за библиската вистина на оние што не се предадени и крстени слуги на Јехова (Мат. 24:14; 28:19, 20). Меѓутоа, ова во никој случај не ја намалува важноста на тоа редовно да се води таква студија.
Христијанските родители ја имаат одговорноста да проучуваат со своите деца. Оние на кои им треба помош да воспостават или да ја подобрат својата семејна студија можат да ги замолат старешините да им помогнат. Ако поради околностите е попрепорачливо некој друг објавител да води библиска студија со некрстен син или ќерка од некое христијанско семејство што е поврзано со собранието, треба да биде консултиран претседавачкиот надгледник или надгледникот за служба. Ако е одобрена таква студија, оној што ја води може да ја известува исто како што би ја известил секоја друга библиска студија.
Да се обучуваат децата по Јеховиниот пат вклучува многу повеќе време и напор отколку она што е напишано на извештајот за служба на теренот (Втор. 6:6—9; Посл. 22:6). Христијанските родители заслужуваат пофалба за тоа што ја преземаат тешката одговорност да ги воспитаат своите деца „во дисциплина и во Јеховино умствено насочување“ (Ефеш. 6:4).