Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 фев.
„Многу луѓе се вознемирени од лошите работи што биле направени во името на религијата. Некои сметаат дека религијата е коренот на човечките проблеми. Дали некогаш сте размислувале за ова? [Дозволи одговор. Потоа прочитај Откровение 18:24.] Ова списание испитува што вели Библијата на оваа тема.“
Стражарска кула 1 март
„Во една прилика, Исус Христос бил запрашан: ,Која е првата од сите заповеди?‘ Видете што одговорил тој. [Прочитај Марко 12:29, 30.] Сте се прашале ли некогаш што мислел Исус со овие зборови? [Дозволи одговор.] Статијата ,Како ја покажуваме нашата љубов кон Бог‘ го испитува значењето на тие познати зборови.“
Разбудете се! 8 март
„Дали мислите дека човештвото некогаш ќе ужива во услови како овие што се опишани овде? [Прочитај Исаија 14:7. Потоа Дозволи одговор.] Ова списание содржи практични информации што можат да ни помогнат додека го чекаме исполнувањето на Божјите ветувања.“ Презентирај ја статијата „Како да им одолеете на грешните желби?“