Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 15 фев.
„Кога би имале можност да избирате, кого би го избрале да владее со светот? [Почекај да одговори.] Овој број на Стражарска кула зборува за тоа какви овластувања има Месијата, оној кого Бог го избрал да владее со Земјата. Списанието објаснува и што ќе значи неговото владеење за луѓето.“ Прочитај Исаија 9:6, 7.
Разбудете се! Фев.
„Денес луѓето обожаваат многу богови. Меѓутоа, забележете што рекол Исус за својот небесен Татко во една молитва. [Прочитај Јован 17:3.] Ако има само еден вистински Бог, што е тогаш со сите други богови? [Почекај да одговори.] Оваа статија објаснува што вели Библијата во врска со тоа.“ Покажи ја статијата на страници 28, 29.
Стражарска кула 1 март
„Повеќето луѓе се согласуваат дека треба да се сакаме едни со други, како што заповедал Исус во овој стих. [Прочитај Јован 13:34, 35.] Тогаш, каде можеме да најдеме луѓе што живеат според она што го поучувал Исус? [Почекај да одговори.] Ова списание ни кажува како можеме да ги препознаеме вистинските христијани денес.“
Разбудете се! Март
„Љубовта е многу важна за да бидеме среќни и здрави. Сепак, на многу луѓе им е тешко да најдат вистинска љубов. Што мислите, зошто? [Почекај да одговори.] Еден клуч за да најдеме вистинска љубов е да научиме да покажуваме несебична љубов кон другите. Ова списание ни кажува како можеме да го правиме тоа.“ Прочитај 1. Коринќаните 13:4-7.