Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 февруари
„Што мислите, дали на семејствата ќе им користи да го послушаат овој совет? [Прочитај Ефешаните 4:31. Потоа почекај да одговори.] Во оваа статија ќе најдете некои практични предлози од Библијата за тоа како да ги спречиме караниците и да бидеме среќни во бракот.“ Покажи ја статијата што почнува на 18. страница.
Разбудете се! Февруари
„Некои луѓе мислат дека Бог води евиденција за секоја наша грешка. Други мислат дека Бог простува без разлика колку тешки гревови сме направиле. Што мислите Вие? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Дела 3:19.] Оваа статија објаснува кои три чекори, опишани во Библијата, мораме да ги направиме за да ни прости Бог.“ Покажи ја статијата што почнува на 10. страница.
Стражарска кула 1 март
„Би сакал да Ве прашам што мислите за овој стих од Библијата. [Прочитај Јован 3:16.] Дали некогаш сте се запрашале како е можно смртта на еден човек да им донесе вечен живот на другите? [Почекај да одговори.] Во ова списание е убаво објаснето како може да ни користи смртта на Исус.“
Разбудете се! Март
„Што мислите, дали сите религии се добри? [Почекај да одговори.] Видете што вели Библијата за начинот на кој некои луѓе го обожавале Бог. [Прочитај Марко 7:7.] Од каде да знаеме дали некоја религија ги учи луѓето за вистината, а не за ‚човечки заповеди‘? Можно ли е воопшто да се пронајде религиозната вистина? Одговорот ќе го најдете во ова списание.“